Израелските команданти предложија превентивен напад врз Либан, воениот кабинет одби

August 6, 2024
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелските медиуми јавуваат дека командантите на израелската армија ѝ предложиле на израелската воена Влада да изврши превентивен напад врз Либан наместо да чека одмазда од Хезболах, јавува Анадолу.

Телевизијата Канал 13 објави извештај за тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Повикувајќи се на неименувани извори, телевизијата извести дека командантите на израелската армија предложиле превентивен напад врз Либан наместо да ја чекаат одмаздата на Хезболах.

Наведено е дека израелската администрација не го прифатила предлогот по процената.

Истовремено, јавниот сервис КАН јавува дека израелските власти очекуваат Иран да таргетира воени точки како одмазда и дека евентуалниот напад ќе биде „посилен“ од оној што се случи на 13 април годинава.

Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, а во исто време сѐ повеќе се судира со либанскиот Хезболах на северната граница со Либан.

Тензиите во регионот се во пораст по израелскиот воздушен напад врз Фуад Шукр, еден од командантите на Хезболах, во Бејрут, и атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зделките на Дмитриј Патрушев, можниот наследник на Путин

Следно

Ердоган најави дека Туркије утре ќе ја предаде документацијата за приклучување кон тужбата против Израел за геноцид

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop