ФОТО: Ова се припадниците на АРМ кои учествуваа во спасување на малиот Сулејман

February 10, 2023
1 min read

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографија од припадниците на македонската Армија кои вчера учествуваа во спасувањето на пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.

-Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Од АРМ вчера објавија дека армискиот тим кој е ангажиран во Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините.

По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

Инаку, Македонија вчера во Турција испрати дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЕМЕТЕ СÈ, ЗАРАБОТИВ ДОВОЛНО ОД НЕГО – сопственик на турски дуќан ја донираше целата роба (ВИДЕО)

Следно

Дојава за поставена бомба во Обвинителството на Бугарија

Latest from Blog

Тинејџер сексуално ја злоставувал и потоа ја убил својата полусестра на крстарење- му се заканува доживотна робија

Министерството за правда на САД тврди дека тинејџерот „сексуално ја нападнал и намерно ја убил“ Ана Кепнер додека бродот „Карнивал Хорајзон“ бил во меѓународни води, пишува BBC News. Полубратот, чиј идентитет не

Аларм од Блок 70: има неподнослива смрдеа на запалена пластика, сведочат граѓаните

Жителите од Блок 70 вечерва се соочуваат со неподнослива смрдеа“ која се шири низ целиот реон. Според сведоштвата на граѓаните, мирисот е специфичен на запалена пластика и е толку силен што предизвикува

ЛШ: Европскиот првак со втора победа до полуфинале, Барса не успеа на „Метрополитано“ (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ го потврди својот пат во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето кај Ливерпул обезбеди нова победа со идентичен резултат како и на првиот меч – 0:2.
Go toTop