Светот е под чизма на американските санкции

July 26, 2024
1 min read

Денес, САД имаат воведено три пати повеќе санкции од која било друга држава или меѓународно тело. Под нивни санкции се една третина од сите држави во светот, со некој вид финансиска казна за луѓе, имоти или организации.

Санкциите станаа дифолтно оружје во вечната американска економска војна ширум планетава. Со ампутирање од западниот финансиски систем, санкциите можат да уништуваат национални индустрии, да бришат лични богатства и да ја нарушат рамнотежата на политичката моќ во проблематичните режими – сето тоа без никаков ризик по американскиот војник.

Исто како и воените акции, економската војна прави огромна  колатерална штета: санкциите врз Венецуела доведоа до три пати поголема економска криза отколку своевремено Големата депресија во САД.

Од друга страна, санкциите ги турнаа таргетираните режими во трговија на црниот пазар, зајакнувајќи ги криминалните мрежи и бандите на шверцери. Жртвите знаат да работат и заедно за да ги заобиколат финансиските казни.

Санкциите – или дури и само заканата од нив – може да бидат ефикасна политичка алатка: тие, на пример, помогнаа да се стави крај на режимот на апартхејдот во Јужна Африка.

Сепак, Северна Кореја е под санкции повеќе од половина век но тоа не го запре Пјонгјанг да се здобие со нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети. Санкциите кон Никарагва се покажаа неефикасни кон претседателот Даниел Ортега. Две години санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина создадоа „темна флота“ од бродови кои продаваат нафта надвор од меѓународните регулативи, истовремено приближувајќи го Кремљ со Пекинг.

Иако прекумерната употреба на оваа алатка може да ја направи помалку ефикасна, Америка и нејзините претседатели не можат да ѝ одолеат. Според анализа на Вашингтон пост, САД годинава со рекордно темпо воведува санкции: над 60% од државите со ниски приходи се под некоја форма на финансиско казнување.

Во анализата „Како четворица американски претседатели започнуваа економски војни ширум светот“ се поентира и дека во Вашингтон, санкциите станаа огромна корумпирана индустрија за лобирање и влијание од повеќе милијарди долари, збогатувајќи поранешни американски функционери кои се ангажирани од странски земји и олигарси.

Притоа Бајден е претседателот кој имал највисока стапка на воведени санкции по обем.

Санкциите имаа разорни ефекти врз невините цивили, директно предизвикувајќи огромно страдање и смртни случаи од стотици илјади луѓе. Во Куба, тие го направија невозможен увозот на критични медицински материјали. После една деценија санкции, Сирија оваа година се соочува со најголемата хуманитарна криза досега.

Уште полошо, и покрај тоа што предизвикуваат огромно страдање на цивилите во претежно сиромашните земји и збогатување на корумпираниот систем, постојат многу малку докази дека санкциите воопшто функционираат.

Но, за американските претседатели остануваат неодоливи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два бронзени медали за македонскиот тим на Европската олимпијада по информатика за девојки во Холандија

Следно

АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ ДОБИ МУРАЛ НА ЅИДОТ НА КИНОТЕКАТА

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop