Израел ослободи шестмина Палестинци, меѓу кои две жени, приведени во Газа

July 25, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израел ослободи шестмина Палестинци, вклучително и две жени, кои ги приведе за време на копнените напади врз Појасот Газа што траат од 7 октомври минатата година, јавува Анадолу.

Очевидци изјавија дека израелските војници ги ослободиле Палестинците во воената зона Кисуфим во Деир ал Белах.

Очевидци изјавија дека ослободените „едвај оделе поради голем замор, исцрпеност и болки предизвикани од тортура, несоница и неисхранетост“, како и дека имале рани по телото.

Шесттемина Палестинци, од кои две жени, кои Израел ги ослободи, за АА изјавија дека „биле подложени на тепање, тортура, навреди и постојано испрашување“.

Израелската армија приведе илјадници Палестинци, вклучително жени, деца, здравствени работници и работници од цивилната одбрана откако почна со копнени напади врз Појасот Газа.

Мал број се ослободени, а за поголем дел не се знае судбината.

Во заедничкиот извештај објавен од страна на Здружението на палестинските затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени лица на Палестинската ослободителна организација по повод „26 јуни – Меѓународен ден на солидарност со жртвите на тортура“ се наведува дека најмалку 18 Палестинци загинале во израелските затвори од 7 октомври.

Во претходното соопштение на Хамас се вели дека палестинските затвореници во израелските затвори „се подложени на најбрутални и ужасни форми на одмазда, меѓу кои и гладување, понижување, малтретирање, медицинско запоставување, убиство и егзекуција“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Чекаме да се избере новиот Управен одбор за да се комплетира позитивната листа

Следно

Аеродромот „Истанбул“, најфреквентниот аеродром во Европа и во текот на изминатата недела

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop