Билансот на загинати во Газа се приближува до 39.000, Израел уби уште 64 Палестинци

July 21, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска уби уште 64 Палестинци во нападите во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година се искачи на 38.983, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека околу 89.727 Палестинци се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 64 лица и повредија 105 во четири масакри врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Повеќе од девет месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчки граничар е ранет во пукање во близина на грчко-турската граница

Следно

Ердоган: Туркије не гледа дека е можен нов преговарачки процес на Кипар без двете страни да преговараат како рамноправни

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop