Илјадници граѓани на Јордан на собир за поддршка на Газа: Народот не сака нормализација на односите со Израел

July 20, 2024
1 min read

АМАН (АА) – Илјадници луѓе во Јордан протестираа против израелските напади врз Појасот Газа и упатија поддршка на палестинскиот отпор, јавува Анадолу.

Протестот беше организиран од Националниот форум за поддршка на палестинскиот отпор.

Бројните граѓани протестниот марш го одржаа од џамијата Ал-Хусајни во главниот град Аман сè до плоштадот Ан-Нахил.

Граѓаните извикуваа пароли „Народот не сака нормализација на односите со Израел“ и „Не за ционистичката амбасада во Јордан“.

Израел ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот и продолжува со нападите врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври минатата година убиени се повеќе од 38.800 Палестинци, а над 89.400 се ранети.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкараз: Ако зборуваме по бројките, тоа е Новак Ѓоковиќ

Следно

Туркије: МСП потврди дека Израел спроведува политика на окупација и угнетување на Палестинците

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop