Трамп вети крај на војните и ослободување на американските заложници

July 19, 2024
3 mins read

Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на војните во Украина и Газа и дека ќе ги ослободи американските „заложници“, прифаќајќи ја и официјално претседателската номинација на Републиканската национална конвенција.

Само неколку дена по обидот за атентат врз него, 78-годишниот Трамп, со завој на десното уво кое беше повредено, откако пукаа на него на предизборен митинг, исто така вети дека ќе го оживее планот за ракетна одбрана од времето на Студената војна, бидејќи предупреди дека светот е на „работ на трета светска војна“.

„Војната сега беснее во Европа и на Блискиот Исток. Оваа администрација не може да се доближи до решавање на проблемите“, рече Трамп во 92-минутниот говор со кој беше затворена четиридневната конвенција во Милвоки, Висконсин, клучната држава на изборите на 5 ноември.

Трамп го обвини хаотичното повлекување на Соединетите Држави од Авганистан за време на мандатот на актуелниот претседател Џо Бајден, неговиот демократски противник во 2024 година, како и за охрабрување на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина.

Тој ги повтори своите тврдења дека руската инвазија на Украина немаше да се случи доколку тој ги предводеше САД и дека знае како конфликтот може брзо да се заврши.

„Можам да ја завршам војната со еден телефонски повик. Ќе ја зајакнеме војската, ќе изградиме одбранбена структура низ Америка“, рече тој.

Републиканскиот кандидат се пофали дека унгарскиот премиер Виктор Орбан дури рекол дека Русија и Кина „се плашат од него“. Орбан отпатува за Флорида за да се сретне со Трамп на 11 јули за да разговара за крај на војната во Украина по посетите на Орбан на Москва и Пекинг.

Во својот говор Трамп рече дека ќе ги ослободи и американските „заложници“, но притоа не даде никакви детали како ќе го направи тоа.

Се чини дека коментарите се однесуваа на десетици Американци кои се „незаконски приведени“ во странство, од кои неколку се во Русија, вклучително и Алсу Курмашева, новинарка на Радио Слободна Европа, која има двојно американско-руско државјанство, која беше уапсена во Казан во октомври и е обвинета дека не се регистрирала како „странски агент“ според казнениот руски закон што ги таргетира новинарите и активистите на граѓанското општество.

Администрацијата на Бајден ослободи многумина во изминатите три години преку размена на затвореници и други средства.

Трамп истакна дека руските нуклеарни подморници биле стационирани во близина на Куба, која се наоѓа на 145 километри од Флорида, пред да објави дека, доколку биде избран, ќе ги оживее плановите на поранешниот претседател Роналд Реган за развивање систем за ракетна одбрана во вселената со цел да ги заштити Соединетите Држави од нуклеарни проектили со долг дострел.

Трамп кажа дека технолошкиот напредок го направил проектот остварлив. САД го „напуштија“ планот, кој противниците на Реган го нарекуваа „Војна на ѕвездите“ во 1990-тите, кога заврши Студената војна и се подобрија односите со Москва.

Номинацијата на Трамп претставува извонреден политички „кам-бек“ (враќање) за поранешниот претседател, кој беше отповикан двапати додека беше на функцијата, осуден на почетокот на оваа година за фалсификување деловни досиеја, а кој се соочува со обвиненија во три други случаи, вклучително и заговор за поништување на изборите во 2020 година. Еден од случаите во врска со ракувањето со доверливи документи од страна на Трамп неодамна беше отфрлен, но обвинителите поднесоа жалба.

„За четири месеци ќе постигнеме голема победа. Ќе се справиме со безбедносните проблеми, треба да ги решиме поделбите, затоа што ја делиме судбината: или се креваме заедно или паѓаме заедно“, порача Трамп.

Спектакуларното политичко враќање и враќањето на Трамп од обидот за атентат доаѓа кога Бајден (кој не може да учествува во кампањата поради тоа што е позитивен на ковид-19), се соочува со зголемени повици од неговата партија да се повлече од изборната трка.

Трамп го спомна Бајден само еднаш во својот говор поради извештаите во вестите дека претседателот би можел да се откаже од трката уште овој викенд.

Бајден го победи Трамп во 2020 година, но во Демократската партија расте стравот дека претседателот не може да го повтори тој подвиг по неговото слабо претставување на телевизиската дебата меѓу двајцата противкандидати на 27 јуни.

Осумдесет и еденгодишниот Бајден изгледаше изнемоштено и збунето и понекогаш беше конфузен за време на дебатата против Трамп, што пак ја интензивираше загриженоста за неговата физичка и ментална способност да служи уште четири години. Во неделите по дебатата, Бајден ги отфрли повиците да ја напушти трката, велејќи дека може да се опорави од дебаклот во дебатата и да го победи Трамп.

Сепак, водечките демократи само го засилија притисокот.

Во пресрет на говорот на Трамп, Адам Шиф (демократ од Калифорнија) го повика претседателот да се повлече, со што најистакнатиот пратеник јавно се изјасни за промена на „партискиот билет“. Според него и други моќни партиски членови овој месец приватно го повикале Бајден да ја напушти трката.

Демократите пак, ќе ја одржат својата конвенција во Чикаго, Илиноис од 19 до 22 август.

Обидот за атентат на Трамп 13 јули одигра значајна улога на конвенцијата бидејќи републиканците го користат счучајот за да го прикажат Трамп како „борец“ кој бил спасен со „божја интервенција“.

Трамп го започна својот говор раскажувајќи за пукањето на 13 јули во Батлер, Пенсилванија, каде што зборуваше пред приврзаниците на митинг и беше погоден од куршум во увото.

„Не би требало да бидам овде вечерва, но Бог е на моја страна“, рече тој додека на екраните на конвенцијата блеснаа сега веќе добропознатите слики на Трамп облеан со крв и со тупаница крената во воздух, опкружен со припадниците на Тајната служба.

Трамп, кој на противниците им даваше погрдни прекари во текот на неговата политичка кариера, го искористи својот говор за да повика на помалку навредлив јазик и повеќе „единство“.

Сепак, тој потоа ги обвини демократите дека „го вооружуваат правосудниот систем“ за да тргнат по него и неговото семејство.

За време на говорот, Трамп, исто така, вети дека ќе ја намали имиграцијата и инфлацијата, ќе го зголеми производството на нафта и гас во САД и ќе ги намали даноците.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се празнува Преподобен Сисое Велики

Следно

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Чиле

Latest from Blog

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат

Градоначалничката на Град Скопје нема да се кандидира на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека

Најмалку 9 лица се убиени кога израелските сили бомбардираа училиште во кое се засолнети раселените жители на Газа

ГАЗА (АА) – Најмалку девет лица се убиени во израелски напад врз училиште во кое се засолниле раселени цивили во градот Газа, изјави медицински извор, јавува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските сили

Одржана конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување

Во Кабинетот на Претседателот денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на

Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова го истакна Вирџинија Елиот претставник на амбасадата на САД, која
Go toTop