„Терористи на ПКК стојат зад неодамнешниот напад врз партиски функционери“, објави Регионална влада на ирачките Курди

July 17, 2024
1 min read

ЕРБИЛ (АА) – Регионалната курдска влада (КРВ) во северен Ирак вчера објави дека терористичката организација ПКК стои зад неодамнешниот напад врз претставник на локалната политичка партија, известува Анадолу.

„Бројни цивили и припадници на безбедносните сили на КРВ беа цел на терористите на ПКК во последните три години и веќе некое време се обидуваат да изведат атентат“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

Ова уследи по нападот врз функционерот на Демократската партија на Курдистан (КДП), Екрем Салих, изведен во понеделникот, во областа Келар, во подрачјето на Сулејманија.

Во соопштението се наведува дека терористичката организација ПКК им нанесува штета на трговијата и на граѓаните со палење на пазарите во регионот.

Во соопштението се додава дека ПКК ‘ја загрозува иднината на регионот и нејзините дејствија нема да останат без одговор’, истакнувајќи дека терористичката група е вклучена и во шверц и дистрибуција на дрога на меѓународно ниво.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Брисел реагира на непослушниот Орбан

Следно

Укинат заклучок од техничката Влада за делницата Гостивар-Букојачани со фискални импликации од 252.699.474 евра

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop