Пендаровски: Државата веднаш да најде начин да се набави лекот „Трикафта“

February 9, 2023
1 min read

Претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски, велат од неговиот Кабинет.

Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат или работат со граѓани од ранливите групи, истакнуваат од неговиот Кабинет.

„Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми што ги имаме во нашата држава независно што не спаѓаат во неговите надлежности. Во однос на обезбедување на лекот ‘трикафта’, претседателот Пендаровски, како и членовите на неговиот Кабинет, имаше комуникација и даде повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот“, потенцираат службите на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, додаваат од таму, смета дека државата треба да најде начин, кој е најсоодветен, за да се набави лекот „Трикафта“ веднаш.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самитот на лидерите на ЕУ почна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Следно

Радев се заканува со вето – што му одговори Ковачевски?

Latest from Blog

Тоневски: Инфраструктурата останува приоритет на локалната власт во Пробиштип

Во населбата Калниште во тек се градежни работи за изградба на улицата „3“, која ќе ги поврзува двете чешми во овој дел од општината. Увид во активностите изврши градоначалникот на Општина Пробиштип,

Коњановски: Локалниот економско-социјален совет со фокус на младите и економијата во Битола

Денеска конститутивна седница одржа новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС). ЛЕСС ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во

Омерагиќ: УЕФА останува силен партнер на македонскиот фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска соопшти дека земјава е домаќин на првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин. Според Омерагиќ, посетата претставува јасна потврда за силната соработка и

Хоџа: Ги зајакнуваме капацитетите за максимално користење на ЕУ фондовите

Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од
Go toTop