Како да се одизбере претседател

July 16, 2024
1 min read

Аксиос пишува дека функционерите веќе пуштаат анкети, лобираат кај поранешни претседатели,  неофицијално ги контактираат лидерите на Демократската партија, ги организираат донаторите и планираат да започнат отворена битка против Бајден.

„Тие се неофицијалниот Комитет за одизбирање на претседателот. Нивната мисија: Да се истурка Бајден од претседателската трка, колку побрзо, толку подобро,“ пишува Аксиос.

Процената на Аксиос е дека анти-Бајден блокот веќе проверува кој демократски кандидат би можел да ги освои за нив клучните три сојузни држави: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, „Синиот ѕид“ кој Бајден го освои во 2020.

И тие во својата потрага по кандидат кој може да го исполни ова се бескрупулозни, со тоа што дури ни на Камала Харис не е и гарантирано место.

Комитетот врши работи и на демократските конгресмени да извршат притисок врз своите лидери (Обама, Клинтон, Шумер, Џефрис, Пелоси) да го истуркаат Бајден од трката.

Демократски инсајдери кои работеле на успешни претседателски кампањи порачуваат дека Клинтон и Обама испратиле јасна порака со тоа што целосно се повлекле откако дале поддршка на Бајден по првата претседателска кампања.

„Молкот е многу гласна форма на говор,“ порачува Џејмс Карвил.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП

Следно

Ерупција на „Бернабеу“: Мбапе ја расплака својата мајка, па го бакна грбот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop