Турски брод со над 2.400 тони хуманитарна помош замина за разорениот од војна Судан

July 16, 2024
2 mins read

МЕРСИН (АА) – Брод со над 2.400 тони хуманитарна помош го напушти турското пристаниште Мерсин во саботата и тргна кон африканската држава Судан, разорена од војна, јавува Анадолу.

Помошта е подготвена под координација на Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во соработка со Министерството за здравство, турската Црвена полумесечина и неколку невладини организации.

Помошта се состои од храна, средства за хигиена, облека, засолништа и медицински материјали, истакна Окај Мемиш, шеф на АФАД.

Бродот „Сардес“ се очекува да пристигне во Судан следниот викенд, рече Окај.

– Судан: Заборавена светска хуманитарна криза –

Судан продолжува да се соочува со најтешката криза на глад и раселување во светот како резултат на 15-месечните вооружени конфликти меѓу суданската армија и Паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Бројот на загинати во судирите се проценува на околу 16.000, но е многу поголем поради колапсот на здравствениот систем во земјата во Североисточна Африка.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) објави дека од почетокот на војната во Судан во април 2023 година над 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени.

ИОМ истакна дека повеќе од два милиона луѓе ја преминале границата во соседните земји, а 55 отсто од нив се деца на возраст под 18 години.

УНИЦЕФ објави дека Судан има најголем број раселени деца во светот – пет милиони.

ИОМ истакна дека 36 отсто од раселените луѓе се од главниот град Картум, 20 отсто од Јужен Дарфур и 14 отсто од Северен Дарфур.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA) соопшти дека ситуацијата продолжува да се влошува во Судан, а жените, децата и цели семејства се принудени да бегаат, оставајќи сѐ зад себе.

OCHA објави дека Судан моментно се соочува со „најлошата несигурност во храна во последните 20 години“.

Челникот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, нагласи дека секој петти жител во Судан се соочува со несигурност во храна на ниво на вонредна состојба во услови на граѓанска војна.

„Со катастрофални нивоа на глад се соочуваат 755.000 луѓе. Со акутни нивоа се соочуваат 25,6 милиони“, истакна тој.

– Три милиони луѓе на раб на глад –

Етизаз Јусиф, судански директор на Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ), рече дека речиси половина од населението има потреба од хуманитарна помош поради тековната војна, а три милиони луѓе се на работ на глад и би можеле да умрат.

Претставникот на УНИЦЕФ во Судан, Мандип О’Брајан, истакна дека речиси 8,9 милиони судански деца страдаат од акутна несигурност во храна и од болести.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, рече дека Судан е „едно од најлошите места во светот“ за децата.

Расел рече дека милиони судански деца се неисхранети и не можат да одат во училиште.

Војната во Судан избувна во април 2023 година меѓу армискиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и командантот на РСФ Мухамед Хамдан Дагало поради несогласувањата околу интегрирањето на РСФ во армијата.

Конфликтот предизвика катастрофална хуманитарна криза, а во судирите загинаа речиси 16.000 луѓе, а милиони се раселени.

На 29 март Судан поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации против Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за наводна поддршка на РСФ, обвинение што ОАЕ го негираат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црвено предупредување за топлотен бран во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска

Следно

Пожари во Северна Македонија

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop