За изолиран човек, Путин нешто многу се гледа со светски лидери

July 12, 2024
1 min read

Освен што му доаѓаат на гости, Путин имаше и шест посети во странство во време кога неговиот простор за патување е сериозно ограничен откако минатата година Меѓународниот кривичен суд објави налог за негово апсење. Блумберг објаснува дека дел од посетите се на екс-советски нации кои се чувствуваат обврзани да имаат добри односи со Русија или држави кои имаат слична анти-САД наклоност како Путин.

„Меѓутоа други пак се држави кои се трудеа да одржат неутрална позиција околу војната, покажувајќи дека напорите на рускиот лидер да го привлече т.нр. глобален југ како контратежа на светот доминиран од САД почнале да даваат плод,“ пишува Блумберг.

Иако стабилно, Путин побрза да го потврди пријателството со Ши Џинпинг патувајќи во Кина само една недела откако го започна својот нов мандат. Пред некој ден двајцата повторно се сретнаа за време на самитот во Казахстан на Шангајската организација за соработка.

Неделава индискиот претседател Нарендра Моди ја имаше својата прва посета на Русија во последниве пет години, со што ја потврди одлучноста на Индија и понатаму да биде блиска со Русија и покрај се подлабоката кинеско-руска соработка. Индија и по почетокот на војната во Украина е еден од најголемите купувачи на руско оружје и руска нафта.

Во Казахстан Путин ја имаше и својата прва средба со турскиот претседател Ердоган од септември минатата година, на која разговараа за руски туристи во Турција и турската нуклеарна централа Акују што ја гради Росатом.

Во јуни, по 24 години на власт во Русија, Путин ја имаше и првата посета на Северна Кореја каде со Ким Џонг Ун потпиша пакт за меѓусебна одбрана.

На самитот во Астана, Путин се сретна со лидерите на Азербејџан, Казахстан, Монголија, Пакистан и Катар, а Русија изминатиов период беше домаќин на лидерите на Зимбабве, Боливија, Република Конго, Куба, Таџикистан и Бахреин.

Дипломатската активност се очекува да се згусне во октомври годинава за кога во Казан е закажан самитот на Брикс.

Меѓу сите овие е и средбата која веројатно најмногу го вознемири Западот кога Виктор Орбан, само неколку дена откако Унгарија го презема претседателството на Советот на ЕУ, во функција на унгарски премиер пристигна во Москва.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за Бесија Иљази, незаконски вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Следно

ВАЛЕНТИНО КОНСТАНТИНОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ

Latest from Blog

Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји. За време

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Вработен во казино одзел и присвоил 332.330 денари. Тој бил вработен во подружницата на казино во Кочани. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за

Втора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!

ФОТО:facebook.com/wolves/ Вулверхемптон ја победи Астон Вила на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 28-то коло од англиската Премиер лига. Старата поговорка „нема фаворити во дербито“ можеби е излитена, но

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи
Go toTop