Израелската армија го ослободи директорот на болницата Ал-Шифа во Газа по седуммесечен притвор

July 1, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија денес го ослободи директорот на Медицинскиот комплекс Ал-Шифа во градот Газа по повеќе од седум месеци притвор по воената операција во болницата во ноември минатата година, јавува Анадолу.

Д-р Мохамед Абу Салмија беше меѓу 50 Палестинци кои беа ослободени преку источната граница на Централна и Јужна Газа, според Анадолу.

Ослободените лица беа пренесени во болницата Ал Акса во Деир Ал Балах и болницата Насер во Кан Јунис.

Абу Салмија беше приведен на 23 ноември заедно со неколку лица од медицинскиот персонал додека патуваше низ улицата Салах ал-Дин од градот Газа до јужните области на појасот откако израелската војска ја нападна болницата Ал-Шифа.

Во изјавата за Анадолу тој ги опиша условите на затворениците како „трагични, без преседан во палестинската историја, со сериозен недостиг на храна и физичко понижување“.

Тој ја нагласи итната потреба од решителна акција за ослободување на сите затвореници од израелските затвори, истакнувајќи дека тешкотиите со кои се соочуваат затворениците се неспоредливи уште од Накба.

„Израелската окупација ги приведува сите, а лица од медицинскиот персонал починаа во израелските затвори поради тортура и недостиг на медицинска нега“, нагласи тој.

„Непријателот ја покажа својата суровост во справувањето со затворениците и медицинскиот персонал. Стотици лица од медицинскиот персонал беа цел и измачувани се во окупационите затвори“, додаде тој.

Израелската армија на 14 ноември 2023 година првпат упадна во медицинскиот комплекс Ал-Шифа откако го опколи неколку дена. Армијата ги принуди пациентите, повредените поединци и медицинскиот персонал да се евакуираат во јужните области на енклавата.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 37.900 Палестинци, главно жени и деца, а околу 87.000 се повредени.

Во текот на осум месеци од израелската армија огромни делови од Газа се во урнатини, а постои исклучителна блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС првиот мандат за формирање влада

Следно

Израелски авион принудно слета во Анталија, дипломатски извори ги негираа тврдењата на израелските медиуми

Latest from Blog

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за
Go toTop