Огорченост поради францускиот магазин „Шарли Ебдо“, кој ја исмејува Туркије по земјотресот

February 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ предизвика бес со карикатурата што ја објави исмејувајќи ја Туркије откако земјата ја потресоа два разорни земјотреси во понеделникот, пренесува Анадолу.

Карикатурата на Твитер, објавена како „илустрација на денот“, прикажува урнати и оштетени згради, превртени автомобили и купишта од урнатини.

„Земјотрес во Туркије“, пишуваше во горниот десен агол од карикатурата, а во долниот дел: „Нема потреба од испраќање тенкови.“

Корисниците на интернет реагираа на карикатурата изразувајќи ја својата фрустрација и гнев.

„Шарли Ебдо“ е францускиот сатиричен магазин познат и по своите карикатури кои го навредуваат Божјиот пратеник Мухамед.

Овој француски магазин предизвика гнев со новата карикатура која ја исмејува Туркије откако земјата во понеделникот на потресоа два разорни земјотреси.

Институтот „Босфор“ со седиште во Париз, кој работи на јакнење на пријателството меѓу Франција и Туркије, ја осуди карикатурата, нарекувајќи ја „срамна, патетична и мизерна“.

„Оваа карикатура не е ништо друго освен срам“, изјави Франсоа Бургат, политиколог од францускиот Национален центар за научни истражувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Цел ни е во 10 области, за година дена да спроведеме масовна изградба на станбени единици

Следно

Приведен крадец од Скопје баран со централна потерница

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop