Путин во Северна Кореја за зацврстување на соработката меѓу двете земји

June 19, 2024
2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Северна Кореја рано на 19 јуни, на почетокот на посетата, наменета за зајакнување на одбранбените врски меѓу двете земји во време кога Москва ја продолжува својата војна во Украина.

Путин на аеродромот во Пјонгјанг бил пречекан од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесоа руските новински агенции.

Руската телевизија го прикажа Ким како го поздравува Путин на црвениот тепих откако неговиот авион се спушти пред зори. Двајцата се ракуваа и се прегрнаа пред Путин да тргне во колоната.

Пред пристигнувањето, Путин рече дека ја цени цврстата поддршка од Северна Кореја за неговите воени акции во Украина, се вели во авторски текст што се појави во севернокорејските државни медиуми на 18 јуни.

Тој, исто така, рече дека Русија и Северна Кореја тесно соработувале за да ги надминат санкциите предводени од САД. Двете земји ќе продолжат „одлучно да се спротивставуваат“ на, како што рече, западните амбиции „да го попречат воспоставувањето мултиполарен светски поредок заснован на правда, взаемно почитување на суверенитетот, земајќи ги предвид меѓусебните интереси“.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ја обвинија Северна Кореја дека и доставува на Русија оружје, вклучително и балистички ракети за употреба во Украина, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Путин во својот текст напиша дека Русија и Северна Кореја ќе развијат трговски и платежни системи „кои не се контролирани од Западот“ и заеднички ќе се спротистават на санкциите.

Северна Кореја е под тешки економски санкции на Советот за безбедност на ОН поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетната програма, додека Русија исто така се бори со санкциите на САД и ЕУ наметнати поради нејзината војна во Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничкиот прес-брифинг со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон, на 18 јуни, изјави дека руската војна во Украина ја поддржуваат Северна Кореја, Кина и Иран.

Земјите на НАТО се, исто така, „загрижени за потенцијалната поддршка што Русија и ја дава на Северна Кореја кога станува збор за нивните ракетни и нуклеарни програми“, рече Столтенберг.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека продлабочувањето на односите меѓу Москва и Пјонгјанг е загрижувачко не само „бидејќи знаеме дека севернокорејските балистички ракети сè уште се користат за гаѓање украински цели, туку затоа што тука може да има некаков реципроцитет што може да влијае на безбедноста на Корејскиот Полуостров“.

Иако ова сè уште не е „остварено“, рече Кирби, Вашингтон „сигурно ќе го следи тоа многу, многу внимателно“.

Путин е придружуван од неколку високи функционери, меѓу кои и вицепремиерот Денис Мантруров, министерот за одбрана Андреј Белоусов и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, според неговиот советник за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Ушаков рече дека за време на посетата ќе бидат потпишани голем број документи, вклучувајќи и договор за сеопфатно стратешко партнерство.

Путин, потоа ќе отпатува за Виетнам на разговори кои се очекува да бидат фокусирани на трговијата.

Соединетите Американски Држави, кои со години ги зајакнуваат врските и ја забрзуваат трговијата со Виетнам, ја критикуваа планираната посета на Путин.

„Додека Русија продолжува да бара меѓународна поддршка за да ја одржи својата нелегална и брутална војна против Украина, ние повторуваме дека ниту една земја не треба да му даде платформа на Путин да ја промовира неговата агресија и на друг начин да му дозволи да ги реалативизира своите злосторства“, се вели во соопштението од американската амбасада во Виетнам.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дарко Ѓукиќ потпиша за Динамо Букурешт

Следно

Пет пациенти во болница Загреб се заразиле со легионела, а тројца од нив починале

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop