Словачка приреди изненадување и ја победи Белгија, поништени два гола на Лукаку

June 17, 2024
1 min read

Словачка го приреди големото изненадување во групата „Е“ и успеа со минимални 1:0 да победи против фаворитот Белгија.

Ова беше прв натпревар за двете селекции на нивниот старт на ЕП 2024. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во седмата минута, кога Иван Шранц погоди за Словаците.

Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја да постигнат гол од чисти позиции, што беше премногу за да се дојде барем реми.

Треба да се напомене дека Лукаку во вториот дел навистина двапати ја наоѓаше мрежата на Словачка, но од офсајд позиција и по игра со рака на неговиот соиграч.

Фудбалерите на Доменико Тедеско не го демонстрираа очекуваното високо ниво и беа ограничени со многу компетентна и самопожртвувана дефанзивна игра на Словаците

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров од Атина: Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми

Следно

Расел Кроу откри што мисли за снимањето на продолжението на „Гладијатор“: Малку ми е непријатно

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop