Официјално: Јувентус доби нов тренер

June 12, 2024
1 min read

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го назначи вечерва Тијаго Мота за нов тренер.

Мота на клупата седнува на местото на Масимилијано Алегри, а италијанските медиуми пренесуваат дека новиот тренер на Јувентус потпишал договор вреден 3,5 милиони евра по сезона. Износот може да достигне максимални пет милиони евра со бонуси.

Мота и Јувентус потпишаа договор за соработка до јуни 2027 година.

Минатата сезона Јувентус го освои третото место во Серија А, додека Мота и неговата Болоња беа најпријатното изненадување во сезоната и на крајот завршија на петтото место.

Мота е роден во Бразил, но долго време има италијански пасош. Како фудбалер одигра еден натпревар за Бразил и 30 натпревари за Италија и постигна еден гол.

На клупски план Мота настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Интер и ПСЖ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков за ТВ 24: Меѓународните договори треба да се почитуваат, но да се штитат националните интереси

Следно

Прво огласување на Опра по веста дека е хоспитализирана – еве со што се соочува водителката

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop