Земјотресот во Турција ги омекна и најтврдокорните непријателства: Ерменија ѝ понуди помош на Анкара за справување со катастрофата

February 7, 2023
1 min read

Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан, кој е во официјална посета на Берлин, пред новинарите изјавил дека Ерменија е подготвена да испрати хуманитарна помош во производи и спасувачки тимови во двете земји. Тој, сепак, не кажал дали понудите на неговата земја се прифатени

Мирзојан потсетил на разорниот земјотрес што ја погоди Ерменија во 1988 година и дека во тоа време на земјата ѝ била потребна меѓународна помош

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска од Берлин изјави дека неговата земја им понудила помош на Сирија и Турција во нивните напори за справување со последиците од разорниот земјотрес, и покрај тешките, речиси непријателски односи меѓу Ереван и Анкара, јавува Асошиејтед прес.

Министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, на прес-конференцијата со својата германска колешка, Аналена Бербок во Берлин/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Мирзојан, кој е во официјална посета на Берлин, како што пренесува новинската агенција, пред новинарите изјавил дека Ерменија е подготвена да испрати хуманитарна помош во производи и спасувачки тимови во двете земји. Тој, сепакм не кажал дали понудите на неговата земја се прифатени.

Шефот на ерменската дипломатија потсетил на разорниот земјотрес што ја погоди Ерменија во 1988 година и дека во тоа време на земјата ѝ била потребна меѓународна помош.

На 7 декември 1988 година Ерменија беше погодена од два последователни земјотреса, кои убија 60 000 луѓе и уништија речиси половина милион згради.

Двата потреси, кои се случија во интервал од една минута, беа со магнитуда од 6,9 и 5,8 степени според Рихтеровата скала и беа почувствувани во Грузија, Турција и Иран.

Во врска со односите меѓу двете земји, на дипломатско ниво тие се непостоечки, а непријателскиот дискурс што владее меѓу двете земји влече историски корени уште од т.н. „геноцид врз Ерменците“ извршен од страна на младотурската влада на Отоманската Империја во периодот на Првата светска војна (1914 – 1918 година). Турција до ден-денеска негира дека станува збор за геноцид тврдејќи, според „Британика“, дека иако се случиле злосторства немало официјална политика на истребување спроведена против ерменскиот народ како група. Друг момент што сериозно ги обременува односите меѓу двете земји е поддршката на Турција за Азербејџан во конфликтот со Ерменија за регионот на Нагорно Карабах.

Инаку, како што потсетува италијанскиот институт за меѓународни политички студии, Турција е првата земја што ја призна независноста на Ерменија по колапсот на Советскиот Сојуз.

Спасувачките екипи извлекуваат жртви и повредени од урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Уште еден пример дека природните катастрофи можат да го разбудат хуманиот инстинкт и меѓу традиционални непријатели е испраќањето тим спасувачи и опрема од страна на Грција, која исто така има затегнати односи со соседот Турција, и покрај тоа што двете земји се сојузнички во НАТО.

„Верувам дека зборувам во име на сите мои колеги во грчкиот парламент изразувајќи ја мојата најдлабока тага за многуте жртви на многу силните земјотреси што ја погодија Турција од вчера наутро“,

рекол грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска обраќајќи им се на пратениците кои ракоплескале кога тој најавил дека се подготвува дополнителна помош.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Парична помош за родителите на деца со попреченост во Петровец

Следно

Спасени уште три деца од урнатините по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот
Go toTop