И Макрон оди на коцкарското „ол ин“

June 12, 2024
2 mins read

Едно е сигурно: за три години, Емануел Макрон ќе мора да ја напушти Елисејската палата, бидејќи уставот не дозволува повеќе од два последователни претседателски мандата.

Тоа во никој случај не значи дека тој веќе нема никакви лични амбиции. Само дека неговата амбиција веќе не е изборна. Не се станува претседател на Републиката без да се биде исклучително амбициозен, при што Макрон баш ја има засакано славата и моќта. Ако терминот „слава“ е дискредитиран поради неговите „аристократски“ конотации, тогаш може да се каже дека на Макрон му е важен „белегот што ќе го остави на историјата“.

Како тој верува дека „историјата“ ќе му суди? Од неговото појавување на политичката сцена во 2017 година, Макрон се трудеше францускиот политички живот да го прикаже како дуел меѓу „силите на напредокот“ (се разбира, предводени од него) и „екстремите“, особено екстремната десница, чија главна компонента е партијата на Марин ле Пен. За него, таа партија беше најлесниот можен противник, со оглед на тоа дека беше омразена од сите можни елити и голем дел од самиот електорат. Затоа, во 2017 и 2022 година, претседателските избори станаа дуел меѓу Ле Пен и Макрон, во кои Макрон победи без проблем.

Тоа што од партијата на Ле Пен направи свој омилен противник сега му се враќа: тоа е сега убедливо водечката партија во Франција. А му се враќа и тоа што политичката сцена ја сведе на „прогресот“ против „екстремите“, па нема да може да ја избегне оценката дека токму неговото владеење на власт ги донела „екстремите“.

Од тие причини, Емануел Макрон е соочен со вознемирувачка перспектива да го наследи токму Марин ле Пен која тој отворено ја презира.

Тоа би значело дека неговите два мандата биле неуспех. Емануел Макрон ќе влезе во аналите како човекот кој дозволи „екстремизмот“ да се вкорени на чело на Франција.

„Ако нешто понекогаш го држи Емануел Макрон буден ноќе, тоа е веројатно ова“, пишува Лорен Лемасо.

По хаваријата на својата партија на изборите за Европскиот парламент, Макрон ја виде перспективата да умира со бавна смрт следните три години што му преостануваат на чело на државата. Неговите постепено ќе му вртеа грб, просторот за маневрирање од ден на ден ќе се намалуваше и тој, од републикански монарх ќе се претвореше во мрзлив крал.

Сол на оваа рана би била крвожедната насмевка на Марин ле Пен кога ќе треба да ја пречека на скалите на Елисејската палата да ѝ ја предаде грижата за државата.

Затоа, сè или ништо.

Изборите кои ќе се случат за три недели може да имаат три исходи.

Макрон се надева дека стравот од убедлива победа на радикалната десница на Ле Пен, ќе ги натера умерените десничари и левичарите да се сојузат со неговата партија. Тоа досега никогаш не му успеало.

Доколку до таква коалиција не дојде и победи Ле Пен, ќе биде принуден на кохабитација.

Третата опција е претстојните законодавни избори да не доведат до потребното мнозинство; Ле Пен да не може сама а другите да нејќат со неа. 

Во тој случај, Франција ќе влезе во „бугарско сценарио“ кое и самата го има искусено за време на 4-та република, кога владите траеја во просек по шест месеци.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат и Вреди и Знам

Следно

Димитриевски и официјално нов голман на Валенсија

Latest from Blog

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во

Туркије: Декларацијата на Алијансата на цивилизации на ОН ја потврди определеноста за борба против дискриминацијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије денес соопшти дека посветеноста на борбата против сите форми на дискриминација е нагласена во декларацијата усвоена на Десеттиот глобален форум на Алијансата на
Go toTop