Во моментот сега денес од Македонија се случува невидено иселување. Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија. Само во првото полугодие на оваа учебна година испишани се 150 дена од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово заминати се над 200 ученици. Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија како резултат на катастрофалните политики на Зоран Заев, Таче Ковачевски и Стево Пендаровски.
Македонија мора да најде сила да ги победи овие политики. Народот мора да ги победи овие политики кои што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија.
Македонија мора да застане на нозе. Македонија мора да води исправна политика и Македонија треба да си ги чува децата таму каде што им е местото, додава Ѓорчев.
ИЗВОР: kurir.mk