ФОТОГАЛЕРИЈА: Потресни слики од Турција и Сирија, најмалку 640 загинати

February 6, 2023
2 mins read

Станува збор за вкупен број загинати во регионите и провинциите на двете земји, кој од минута во минута постојано расте како што спасувачките екипи го пребаруваат теренот во потрага по преживеани лица

Црниот биланс од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утрово ги погоди јужните делови на Турција и северна Сирија се искачи на најмалку 641 лице, пренесува „Гардијан“.

Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Станува збор за вкупен број загинати во регионите и провинциите на двете земји, кој од минута во минута постојано расте како што спасувачките екипи го пребаруваат теренот во потрага по преживеани лица и нивно итно хоспитализирање.

Како што јавуваат агенциите, се верува дека стотици луѓе сè уште се заробени под урнатините додека спасувачите ги пребаруваат остатоците од објектите во градовите и населбите низ областите погодени од силниот земјотрес.

Асошиејтед прес објави дека според турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби најмалку 245 луѓе загинале во седум турски провинции, додека потпретседателот Турција, Фуат Октај, на прес-конференција информира за најмалку 284 загинати, пренесува агенцијата Анадолија.

Според податоците на турскиот потпретседател што ги пренесува новинската агенција Анадолија, досегашниот биланс на повредени е најмалку 2 323 луѓе.

Според сириските државни медиуми, бројот на загинати во областите под контрола на владата во Дамаск се искачи на најмалку 237 лица, а повеќе од 639 се повредени. Информациите соопштени од страна на „Белите шлемови“ – волонтерска организација што дејствува во сириските области под контрола на опозициските бунтовници – велат дека таму бројот на загинати изнесува најмалку 147 лица.

Урнати згради, како што пренесува „Гардијан“, има на потегот од сириските градови Алепо и Хама до турскиот град Дијарбекир, кој е на растојание повеќе од 330 километри.

Како што изјави Октај, речиси 1 710  згради се уништени во турските провинции Газиантеп и Кахраманмарас, додека во урнатини се наоѓа и болницата во медитеранскиот крајбрежен град Искандерун, но бројот на жртви таму останува непознат.

„За жал во исто време се бориме и со екстремно тешки временски услови“,

рече Октај за новинарите.

Според турската Управа за справување со кризи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, се случил во 4:17 минути по локално време, а епицентарот бил во областа Пазарџик во јужната турска провинција Кахараманмарас.

Земјотресот бил на длабочина од седум километри.

Покрај Пазарџик, земјотресот најмногу ги погоди и провинциите Газиантеп, Санлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.

Земјотресот бил почувствувал и во соседните Либан и Сирија.

Засега нема информации дали во катастрофалниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Турција има повредени наши граѓани, но од МНР велат дека веднаш стапиле во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со турските надлежни институции.

Дипломатско-конзуларните претставништва на земјава, велат од МНР, им се на 24-часовно располагање за наши државјани за сите евентуални прашања.

Од МНР објавија и телефонски броеви за контакт од Амбасадата во Анкара, конзулатот во Истанбул и СОС-телефонот во Скопје:

  •     Анкара: +905394569710;
  •     Истанбул +905456149777;
  •     СОС-телефон на МНР во Скопје: +38975273732.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Георгиевски освои бронзен медал на „Президент купот“

Следно

Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop