Во Дубаи почина поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф

February 5, 2023
1 min read

Телото на Мушараф со специјален авион ќе биде транспортирано од Дубаи во Пакистан, каде ќе биде погребан, објави локалниот телевизиски канал

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф денеска почина по долго боледување во болница во Дубаи, во самонаметнат егзил што траеше со години.

Пакистанската војска и државната мисија во Обединетите Арапски Емирати ја објавија смртта на 79-годишниот поранешен пакистански воен командант, кој беше соборен од власта во 2008 година.

„Можам да потврдам дека тој почина утринава“,

изјави Шазија Сираџ, портпаролка на пакистанскиот конзулат во Дубаи и амбасадата во Абу Даби.

Командантите на пакистанската армија, морнарица и воздухопловни сили изразуваат сочувство за неговата смрт, изјави портпаролот на армијата.

Претседателот Ариф Алви изрази сочувство преку соопштение.

Телото на Мушараф со специјален авион ќе биде транспортирано од Дубаи во Пакистан, каде ќе биде погребан, објави локалниот телевизиски канал.

Поранешниот генерал, кој дојде на власт со крвавиот пуч во 1999 година, го надгледуваше брзиот економски раст и се обиде да воведе социјално либерални вредности во оваа конзервативна муслиманска земја.

Најголемата закана за него беше Ал Каеда и другите милитантни исламисти кои се обидоа да го убијат најмалку три пати. Употребата на војската за задушување на несогласувањата, како и континуираната поддршка за САД во нивната борба против Ал Каеда и авганистанските талибанци на крајот доведоа до негов пад.

Откако му беше дозволено лекување во странство, и покрај тоа што беше суден за предавство во Пакистан, Мушараф во 2016 година замина во Дубаи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина незадоволна поради американското соборување на нејзин балон над Атлантскиот Океан

Следно

(ВИДЕО) Спасовски горд на полицијата: Вака се постапува по европски ранг

Latest from Blog

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите

Светот се соочува со недостиг од рудници за бакар – „Иловица-Штука“ е еден од гринфилд потенцијалите

Глобалниот пазар на бакар се соочува со парадокс: побарувачката расте, а бројот на нови рударски проекти што можат навреме да обезбедат дополнителни количини е ограничен. На ова укажува и американската консултантска куќа

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во
Go toTop