ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност и дека со Ковачевски и Ахмети државата се распаѓа

February 5, 2023
1 min read

Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите.

Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли.

Ова ли е заедничкото пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат. Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции.

Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава.

Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека.

На погрешна патека сме и поради фактот што премиерот на државата Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби со останатата свита како криминалци се прикрадоа на гробот на Делчев далеку од народот кој остана зад барикадите. Тоа е поради фактот што не сакаат соочување со народот. Тоа соочување мора да дојде, и ќе се случи на изборите кои се решение на тоа да престане пропаста на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ќе се обидат што побргу да ги најдат сите важни делови од соборениот кинески балон

Следно

На Попова Шапка измерени -15 степени, времето денеска облачно и многу студено со ветер од северен правец

Latest from Blog

За Јустинијановиот кодекс

На денешен ден, во 537 година, во Византија стапил на сила Јустинијановиот кодекс, главниот закон на тогашното Византиско Царство. Овој документ е еден од најважните историографски извори за историјата на правото. Со

Јувентус позајмува од Вест Хем

Според пишувањата на „Скај Италија“, тимот на Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе играчот за врска Гвидо Родригез. Аргентинецот во моментов е член на тимот на Вест Хем, а

Николоски: Целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата

Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно
Go toTop