Израелската армија е подготвена да го нападне Рафа за 72 часа доколку не се постигне договор, објавија израелски медиуми

April 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските медиуми денес цитираа израелски воени извори дека армијата е подготвена да го нападне Рафа во јужниот дел на Појасот Газа за 72 часа доколку не се постигне договор за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Египет е домаќин на опсежни преговори со делегации од Израел и Хамас, со цел да се постигне прекин на огнот во Газа.

Израелската новинска веб-страница Јнет објави дека началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, ги одобрил конечните планови за воена офанзива во Рафа, заедно со планот за движење на цивилите кон областите во централниот дел на Појасот Газа.

Веб-страницата за вести цитираше неименуван извор што рече дека тенковите и војниците на израелската армија се наредени во близина на границата со Газа и подготвени се за зелено светло за започнување на офанзивата.

Се додава дека наредните 48 до 72 часа се критични во однос на постигнувањето договор со групата Хамас или започнување на нападот врз Рафа.

Израелските медиуми во понеделникот објавија дека израелска делегација треба да отпатува во Египет за да се состане со египетските безбедносни претставници за напорите за прекин на огнот во Газа.

Египет, исто така, потврди дека има нов предлог за примирје во блокираниот Појас Газа.

„Постои предлог на маса да се постигне примирје во Газа“, рече египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри за време на состанокот на Светскиот економски форум во Саудиска Арабија.

Рафа е последна област во енклавата каде што Израел сè уште официјално не објавил влегување на своите војници за да го продолжат нападот против Палестинците.

Се проценува дека Хамас држи повеќе од 130 израелски заложници, а Тел Авив има над 9.100 Палестинци во своите затвори.

Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел во Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив.

Претходниот договор во ноември 2023 година беше со ослободување на 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, вклучително 71 жена и 169 деца.

Израел спроведе брутална офанзива во Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, а Тел Авив вели дека во него се убиени речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш се убиени речиси 34.500 Палестинци, главно жени и деца, а над 77.600 се повредени во услови на масовно уништување и сериозен недостиг на неопходни работи.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во ова слатко мече била сокриена опасна роба, еве што најдоа цариниците во него

Следно

Проширувањето на ЕУ и владеењето на правото – теми на неформалниот европски Совет за општи работи

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop