Почеста последна умира

April 28, 2024
1 min read

Малкумина надвор од Италија знаат дека осум децении по смртта на фашистичкиот диктатор на Италија, тој и натаму останува почесен граѓанин на стотици италијански градови и места.

На врвот на популарноста на фашистичкиот режим, речиси сите од речиси 8.000 општини во Италија го прогласија Мусолини за нивен почесен граѓанин.

Дури во 1944 година, градови како Неапол и Матера почнаа да се ослободуваат од овој товар. Но, со децении имаше застој па до 2015 година, доживотната италијанска сенаторка Лилијана Сегре (93) – единствената од нејзиното семејство која го преживеа холокаустот – го делеше истото почесно државјанство на Триказе, во Лече, со првиот човек на режимот кој ја депортирал во Аушвиц.

Постоењето на овој проблем го актуелизираше Националната асоцијација на италијански партизани како и левичарската партија Синистра Италијана.

Како резултат на нивните иницијативи, десетици градови му ја одземаа почесната титула на Дуче и како надомест на неправдата, им ја дадоа таа титула на партизани загинати во борба против фашистите.

Но, некои не сакаат или пак се правдаат дека законите ги спречуваат да му одземаат почесно жителство на починат. Токму затоа и Устика го смени законот за да може да го стори тоа, бидејќи на тој остров во зандана беше пратен Антонио Грамши, еден од најважните марксистички мислители на 20 век.

Локалните власти во местата кајшто Мусолини и натаму останува почесен граѓанин велат дека почесната титула е историски чин што не треба да се брише и не може да се оценува според денешните стандарди.

Покрај Мусолини и Дизни, на Устика почеста им беше скината и на американскиот астронаут Малколм Скот Карпентер и францускиот поморски офицер и океанограф Жак  Кусто.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност во примената на Кодексот за транспарентност на ММФ

Следно

Време за акција за Овенот, Лавот да ја искористи инспирацијата

Latest from Blog

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со
Go toTop