ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме цензура на медиуми и новинари, Ковачевски и владата прво забрануваа новинарски прашања, вечерва забрануваат известување за чествувањето на Гоце Делчев

February 3, 2023
1 min read

Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев.

Кој во владата и според кои критериуми ги подели медиумите на подобни и неподобни за известување?

Ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми.

Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев.

Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола.

Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање.

СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие.

Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими.

Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот.

Колку поблиску е падот од власт, толку понервозни се СДС и ДУИ, а тоа се гледа по цензурата и замолчувањето на медиумите, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајкрософт: Хакери од Иран ги хакирале податоците на магазинот Шарли Ебдо

Следно

ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во
Go toTop