Американска држава донесе закон – наставниците може да носат оружје во училиштата

April 24, 2024
1 min read

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси во вчера усвоија закон со кој на наставниците во државата им се дозволува да носат скриени пиштоли на училиште.

Нацрт-законот беше одобрен со 68-28 гласови во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец.

Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот. Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа да ги водат протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година.

Републиканците и другите конзервативци честопати повикуваат на вооружување на наставниците како одговор на бројните престрелки во училиштата што се случија во САД во последните 25 години.

Поддржувачите на овие мерки тврдат дека вооружените наставници ги одвраќаат потенцијалните стрелци во училиштата. Противниците велат дека оружјето во училиштата веројатно ќе доведе само до трагични случајни престрелки.

Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа полициска обука. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот.

Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или член на персоналот кој носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лице да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јамајка официјално ја призна Палестина за држава

Следно

Турските воени сили неутрализираа четворица терористи во северна Сирија

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop