Франција грга руски гас

April 18, 2024
1 min read

Во првите три месеца од годината францускиот увоз на руски гас пораснал повеќе отколку кај која било друга држава во ЕУ, споредено со минатата година.

600-те милиони увоз се проблематични за останатите членки на Унијата, бидејќи Франција во исто време не престанува со повторување дека Унијата треба да биде построга со Русија. Минатиот месец Макрон одби да исклучи испраќање француски војници во Украина и ги повика сојузниците да не бидат „кукавици“ во одбраната на Киев.

Во своја одбрана, Франција инсистира дека гасот што го купува е неопходен за да продолжи да ги снабдува домаќинствата низ Европа, плус е врзана со долгорочен договор со Русија кој е правно комплексен за прекинување.

На второ место по скок на увоз на руски гас, прв квартал 2023 – прв квартал 2024, е Шведска со плус од 40,5% а трета е Грција со 36,6%.

ЕУ, која наскоро ќе го воведе 14 пакет санкции против Русија, се уште не го санкционира увозот на руски течен гас.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Aлкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година

Следно

Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

Latest from Blog

Милојевиќ: Сакате оставка? Еве ви ја давам – ја навредуваа мојата фамилија!

ФОТО:FK Crvena Zvezda/FB Црвена звезда конечно ја запиша првата победа оваа сезона во европските натпреварувања — минимални 1:0 против Лил. Но, и покрај убавиот повод, прес-конференцијата на Владо Милојевиќ мина во тензична

Јапонија испраќа војска да лови диви мечки

Јапонија распореди војници во планинскиот северен дел од земјата за борба против растечкиот број напади од мечки врз локалните жители. Операцијата започна во малото гратче Казуно, каде што на жителите им се

Денес се споменуваат светите маченици Маркијан и Мартириј

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин Ариевата ерес, којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па
Go toTop