Меџити: Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби!

February 2, 2023
1 min read

Изет Меџити и други приврзаници на т.н. „огнена група“ од ДУИ вечерва одржаа дебата во Гостивар.

-Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече Меџити.

Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е за спас на партијата и лидерот. Тој се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање и дека се неопходни промени.

-На овие средби граѓаните ми рекоа добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата, подвлече Меџити.

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Суд во Њујорк одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх Малофеев

Следно

Курти постави услови за формирање на Заедницата на српски општини

Latest from Blog

Коњановски: Од граѓаните до институциите – заеднички кон модерна Битола

Битола – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средби со граѓаните од урбаните заедници во централното градско подрачје. Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, жителите имаа можност директно да ги

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“
Go toTop