Мекарти избран за претседател на Претставничкиот дом од 15 обид

January 7, 2023
1 min read

Пратеникот Кевин Мекарти конечно е избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, по повеќедневни преговори и 15 круга гласање.

Неговиот избор уследи по хаотичната ноќ во Претставничкиот дом, вклучително и конфронтацијата меѓу Мекарти и пратеникот Мет Гаец за време на 14. круг на гласање.

Ова е најдолгиот избор на спикер и покрај тоа што Републиканците имаат мнозинство. Тие претходно се согласија да го номинираат Мекарти, но неговиот пат до претседателската функција беше неизвесен откако група републиканци се заканија дека ќе ја блокираат неговата кандидатура, но шестмината бунтовници попуштија.

„Се надевам дека по оваа недела едно работа е јасна – никогаш нема да се откажам. И никогаш нема да се откажам за американскиот народ“,

напиша Мекарти на твитер по изборот.

Претседателот Џо Бајден му ja честиташе победата на Мекарти и рече дека со нетрпение очекува да соработува со Републиканската партија.

„Американскиот народ очекува нивните лидери да владеат на начин што ќе ги ставаат нивните потреби над сè друго, и тоа е она што треба да го направиме сега“,

вели Бајден.

Републиканците веќе ветија дека ќе започнат истраги за семејните бизнис зделки на Бајден, како и за неговата администрација,

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ранетите момчиња во добра состојба, прекинати протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце

Следно

Фото: Градоначалниците на Гази Баба и Бутел покажаа каде се паднала паричката

Latest from Blog

Македонски Телеком и Комерцијална банка ја предводеа ликвидноста, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 5 мај 2026 година – Македонската берза ја заврши денешната сесија со МБИ10 на 9.955,12 поени, што

Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“. На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна

Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски
Go toTop