Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно

February 2, 2023
1 min read

АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62 000 (домаќинства, деловни објекти и институции).

Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија.

Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.

-Имено, од 1 февруари, 2 000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4 000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2 000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45%. Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас, велат од АД ЕСМ.

Од компанијата додаваат дека котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина.

-Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани на Р.Северна Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на СИТЕ потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки. За информација на пошироката јавност околу надлежностите на системот за греење, известуваме дека од вкупно 62 000 потрошувачи во Скопје (домаќинства, деловни објекти и институции), 57 500 се снабдуваат преку новоформираните фирми ЕСМ Производство, Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ, 4 000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на ЕСМ-Енергетика, и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана од АД ЕСМ преку прокурист и финансирано од АД ЕСМ со буџетски средства, појаснуваат од АД ЕСМ.

Треба да се има предвид дека ако нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење на ресурсите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралија ја заменува банкнотата на кралицата Елизабета со нов дизајн

Следно

Хил: Врската на Србија со Русија од ден на ден слабее

Latest from Blog

Средба на Димитриеска-Кочоска со заменик-директорот на ММФ Бо Ли – Фокус на стабилни јавни финансии

19 април 2026, Вашингтон – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со  заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата

Македонски Концепт стартува кампања „Твои пари, твоја слобода“

Во период кога сè почесто се отвора дилемата дали трудот во Македонија навистина се вреднува и дали системот работи во интерес на граѓаните, политичката партија Македонски Концепт започнува нова комуникациска кампања под

Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети. – Се верува дека балистичките ракети
Go toTop