Австралија ја заменува банкнотата на кралицата Елизабета со нов дизајн

February 2, 2023
1 min read

Централната банка соопшти дека ќе се консултира со домородните групи за дизајнот на австралиската банкнота од пет долари

Фото: EPA-EFE/DAN PELED

Австралија ќе го замени портретот на кралицата Елизабета Втора од нејзината банкнота од пет долари со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на Австралија, соопшти централната банка на земјата.

„Ова е одлучено по консултација со федералната влада, која ја поддржува промената. На другата страна на банкнотата и понатаму ќе стои австралискиот парламент“,

се вели во соопштението на банката на Австралија.

Смртта на кралицата Елизабета минатата година повторно ја разгоре дебатата во Австралија за нејзината иднина како уставна монархија. На референдумот во 1999 година, гласачите тесно одлучија да го задржат британскиот монарх како шеф на државата.

Кралот Чарлс Трети, кој стана британски монарх по смртта на неговата мајка, е шеф на државата во Австралија, Нов Зеланд и 12 други земји од Комонвелтот надвор од Обединетото Кралство, иако неговата улога е главно церемонијална.

Властите соопштија дека одлуката да се стави ликот на кралицата на австралиската банкнота од 5 долари се однесува на нејзината личност, а не на нејзиниот статус како монарх.

Централната банка соопшти дека ќе се консултира со домородните групи за дизајнот на австралиската банкнота од пет долари. За дизајнирање и печатење на новата банкнота ќе бидат потребни неколку години. Дотогаш ќе продолжи да се издава сегашната банкнота.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен

Следно

Греењето во Скопје исто за сите потрошувачи, од ЕСМ објаснуваат зошто веќе нема „железарско“ парно

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop