Пензионерската кариера на американските генерали – кеширање

March 27, 2024
1 min read

Откако лани се пензионираше од војската, поранешниот прв човек на Здружениот штаб на американската армија, генералот Марк Мајли стана висок советник на банката ЈПМорган Чејс, се приклучи на факултетите Принстон и Џорџтаун и влезе во профитабилниот круг на платени говоранции. 

Од воена плата од 204.000 долари годишно, Мајли се префрла на милионски компензации, особено што го води истата агенција за говорници како Хилари Клинтон, која имаше мрсни тезги за инвестициската банка Голдман Сакс.

Воените офицери го нарекуваат „кеширање“ преминот од ограничени државни плати во приватните консултантски услуги, фондови за менаџирање ризици и слични синекури кои носат раскошни хонорари. 

Пензионираните американски генерали брзо транзитираат „во приватно“, додека е жешко. Неодамна пензионираниот началник за вселенски операции, генералот Џон В. Рејмонд, веднаш влезе во одборот на директори на две воздухопловни компании а стана и висок извршен директор на една инвестициска фирма. Генералот Џејмс С. Меконвил, кој беше началник на Генералштабот, по пензионирањето влезе во одбор на директори на производител на беспилотни летала и стана оперативен партнер на воздухопловна инвестициска компанија.

Компанијата која го претставува Мајли, агенцијата за говорници Хари Вокер, го рекламира генералот како некој кој директно се судрил со Доналд Трамп, „чија перспектива е непроценлива за публиката која сака да го разбере влијанието на тековните конфликти во  управувањето со ризиците“, се наведува на веб страницата.

Неодамна му нашле Q&A тезга со 160 извршни директори. Биле одушевени од неговите „инсајдерски“ согледувања. Имал платен настап на Совет за образование и на Самит спонзориран од Дилојт.

Хонорарите на говорници од ваков ранг се астрономски. Хилари Клинтон, само во една година и само од тезги на Голдман Сакс добила 600.000 долари.

Хилари и Бил Клинтон заедно, откако ја напуштија Белата куќа, за говори собрале хонорари тешки 153 милиони долари.

Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма, пишавме во статијата „На Обамовци им тргна: од 1,2 милиони на 40 милиони долари

Види и:

Уметност на продавање западни функционери

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет лица ќе се гонат за обид за убиство во Скопје

Следно

БРУТАЛНА ОБЈАВА НА КАРЛЕУША ОТККАО ДРАГАНА ОБЈАВИ ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВА: „Пушти го напалениот…“ (ФОТО)

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop