Забрана за прием на невакцинираните деца во градинките

March 11, 2024
1 min read

Има над 160 заболени од голема кашлица Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонредни контроли во сите јавни и приватни детски градинки во државата. До сите градинки доставени се одлуките за забрана за прием на деца кои не се вакцинирани со ди-те-пер. Според информациите на Алсат, дел од градинките во Скопје вратиле деца кои не биле вакцинирани.

„Вонредните инспекции ќе започнат со одлука за запирање на прием на деца кои не се имунизирани со вакцината Дитепер, или се делумно вакцинирани и со други епидемиолошки мерки. Одговорните во градинките, ќе треба да подготват листа на невакцинирани деца. Да не се примаат деца со други заразни болести, како и за зголемените отсуства на децата, да се извести Центарот за јавно здравје Скопје“,  велат од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

„Не само на територијата на Скопје каде што е прогласена епидемијата, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски контроли, и ќе барам на кој било начин да се вакцинираат оние кои не се вакцинирани“, нагласи Илир Демири, министер за здравство.
Здравствените власти инсистираат дека вакцинацијата е единствениот начин да се заштитите.

„Инсистираме на најсеопфатна вакцинација, што е можно поцелосна. Од основните медицински сознанија е јасно дека во земјите каде што вакцинацијата е во застој, се очекува да се прошири епидемијата. Бројките на дневно ниво се 8,9, 10 до 11. Кога инфективната болест почнува да се шири, ако немате вакцинирано население , таа се шири, нема начин да се запре, освен да се разболи населението и тогаш да бидат имунизирани. Или ќе мора да се вакцинираат или ќе се разболат“, рече Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје.

Директорот на Центарот за јавно здравје рече дека по прогласувањето на епидемијата против голема кашлица, бројот на лица вакцинирани со ди-те-пер е значително зголемен, но се уште не е на задоволително ниво. За населението да биде заштитено, вакцинацијата мора да биде на над 95 проценти./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

81 година од Холокаустот на македонските Евреи

Следно

Стано: Главен приоритет на ЕУ е спроведувањето на обврските што ги прифатија Белград и Приштина

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop