Протестите за Газа го стопираа сообраќајот во Лос Анџелес што го одложи доделувањето на Оскарите

March 11, 2024
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Пропалестинските протести за ставање крај на војната во Газа го блокираа сообраќајот во Лос Анџелес, САД, и го одложија почетокот на 96. доделување на Оскарите, јавува Анадолу.

Повеќето демонстрации низ Холивуд беа пречекани со засилено полициско присуство во очекување на евентуални потенцијални проблеми, јавија медиумите. Подрачјето околу театарот Долби и црвениот тепих беше затворено неколку блока во секоја насока со полицајци што носеа шлемови и палки, заканувајќи им се на демонстрантите со апсење поради незаконско собирање.

Многумина демонстранти носеа транспаренти и скандираа за израелски прекин на огнот во Газа, каде што се загинати речиси 31.000 Палестинци од почетокот на војната во октомври минатата година. Некои од транспарентите имаа пораки како „Молчењето е насилство, продолжете да зборувате за Палестина“ и „Долу американскиот империјализам“.

Додека демонстрантите ги изразија своите протести од улиците, некои од најголемите холивудски имиња ја поддржаа нивната кауза на црвениот тепих. Ѕвездите како Марк Руфало, Били Ајлиш, Фајнс О’Конел, Ава ДуВернеј и Рами Јусеф носеа црвени брошови креирани од организацијата Artists4Ceasefire (Артистс4Сисфајр), повикувајќи на прекин на огнот во Газа.

„Брошот симболизира колективна поддршка за итен и перманентен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и за итна испорака на хуманитарна помош за цивилите во Газа“, се вели во соопштението на групата.

„Artists4Ceasefire се залага за иднина вкоренета во слобода, правда, достоинство и мир за сите луѓе.“

Протестите на најголемата ноќ во Холивуд се случија откако повеќе од 400 члена на таа индустрија потпишаа писмо до претседателот Џо Бајден во обид да се стави крај на смртоносното насилство што се случува во Газа.

„Бараме, како претседател на Соединетите Американски Држави, Вие и американскиот Конгрес да повикате на итна деескалација и прекин на огнот во Газа и Израел пред да се изгуби уште некој живот“, се вели во писмото. „Повеќе од 30.000 луѓе се убиени… бројки за кои секоја личност со совест знае дека се катастрофални. Ние веруваме дека животот на секој поединец е свет, без разлика на религија или етничка припадност, и го осудуваме убивањето на палестинските и израелските цивили.“

Војната во Газа започна на 7 октомври откако припадниците на палестинската група Хамас упаднаа во Израел, каде што, според израелските власти, загинати се речиси 1.200 луѓе, а земени се околу 250 заложници. Израел соопшти дека повеќе од 130 заложници сѐ уште се во Газа.

Речиси 31.000 Палестинци, претежно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а над 72.500 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Изборите за Белград најдоцна до 2 јуни

Следно

Пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи на швајцарските Алпи

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop