Курти со осуда за пукањето врз српските момчиња: Осомничениот несомнено ќе се соочи со судските власти

January 6, 2023
1 min read

Косовскиот премиер изјави дека косовската полиција е максимално ангажирана во извршувањето на своите работни задачи за да ги заштити животите и имотот на сите без разлика

Косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двете момчиња во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

Курти им посака брзо закрепнување на двајцата повредени, нагласувајќи дека истрагата ќе продолжи до целосно расчистување на случајот, пренесува Коха.

„Најостро го осудувам нападот врз двајца граѓани на Косово во Штрпце. Според информациите, младите мажи на возраст од 11 и 21 година се надвор од животна опасност и им посакувам брзо закрепнување. Косовската полиција веќе го уапси осомничениот, кој несомнено мора и ќе се соочи со судските власти. Надлежните единици ќе продолжат со истрагата се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив и осудувачки чин“,

напиша Курти.

Косовскиот премиер изјави дека косовската полиција е максимално ангажирана во извршувањето на своите работни задачи за да ги заштити животите и имотот на сите без разлика.

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење додека носеле бадниково дрво.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Според соопштението, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВО ДВЕ СРПСКИ МОМЧИЊА ПУКАНО ОД КОЛА ВО ДВИЖЕЊЕ – повторно хаос во Косово, полицијата го пропуштила возилото со сторителите!

Следно

Приведен напаѓачот на момчињата кај Штрпце, станува збор за припадник на КБС

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop