Аналитичари: „ВМРО може да профитира од бугарското прашање во изборната кампања“

March 9, 2024
1 min read

Билатералните односи со Бугарија се најдоа во предизборната дебата во земјава, особено во обвинувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е поблизок со бугарските политичари што имаат контроверзни ставови во однос на Македонија. Според дел од аналитичарите, оваа тема е многу чувствителна кај нас и секој кој ќе најде прилика за напад кон политичките опоненти, ќе ја искористи. Аналитичарот Димитар Николовски оценува дека на оваа тема повеќе политички поени би можела да придобие опозицијата.

„И двете страни можат да добијат. Опозицијата овде предничи, поради тоа што ја обвинува власта за национално предавство поради Договорот со Бугарија и францускиот предлог. Како што гледаме, се обидува и власта да поентира со тоа што г-ѓата Силјановска се сликала со европратеникот Ковачев. Така што, сите на некој начин ќе се обидат да поентираат, меѓутоа многу повеќе ќе ја слушаме опозицијата да обвинува“, рече Димитар Николовски – Евротинк.

Николовски не очекува Бугарија многу да се вклучува во изборниот процес кај нас. Сепак тоа не се однесува и на поединечните ставови на политичарите од двете земји.

„Во последната година и пол, Бугарија малку се има повлечено од односите со Македонија и многу ретко реагираат на било какви случувања тука, затоа што сметаат дека топката е префрлена меѓу Македонија и Европската Унија, така што тие велат дека немаат удел таму. Меѓутоа знаеме дека има комуникација помеѓу политички чинители овде и преку границата и тука ќе можат да се очекуваат некои реакции“, додаде Димитар Николовски – Евротинк.

Претходно официјална Софија реагираше, барајќи билатералните односи да не бидат дел од предизборната политичка дебата Македонија. Според Бугарија, оваа тема се користи поради немањето напредок во Македонија./Алсат.мк

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огнен Амиџиќ доби син: Се породи убавата Мина, а за бебето избраа уникатно име

Следно

Форум: Студентите имаат потреба од дигитализација на универзитетите и намалување на финансискиот товар при студирање

Latest from Blog

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на
Go toTop