„Газа е тежок товар за совеста на светот“, рече Фидан

March 9, 2024
3 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека мора да се постигне траен прекин огнот во Појасот Газа и да се отворат вратите за дводржавно решение со државите Палестина и Израел, пренесува Анадолу.

„Стана неопходна одговорност што е можно поскоро да се стави крај на оваа голема трагедија и масакр што го доживеаја нашите браќа од Газа и да се обезбеди преземање конкретни чекори кон таа цел“, изјави министерот Фидан на прес-конференцијата во Вашингтон.

Фидан престојува во дводневна посета на САД, каде се состана со државниот секретар Ентони Блинкен со кој ќе разговара за односите меѓу двете држави, регионот и меѓународните прашања, особено за ситуацијата во Газа.

Фидан и Блинкен се состанаа во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон во рамките на состанокот за Стратешки механизам Туркије – САД.

Фидан изјави дека Туркије го дели ставот за потребата од итна хуманитарна помош во Газа.

„Такво ниво на консензус никогаш не е постигнат за ниту еден случај во светот“, рече Фидан и додаде дека некои земји, како што е Туркије, сакаат траен прекин на огнот.

Фидан рече дека меѓународните организации, особено ОН, и многу земји чувствуваат обврска да сторат нешто во врска со хуманитарната ситуација во Газа.

Тој рече дека американскиот пристап за формирање привремено пристаниште во Газа за да добие помош е резултат на реакцијата на меѓународната заедница.

„Затоа што ова не само што е тежок товар за совеста, туку се чини и дека е фитил што ќе ги мобилизира и запали општествата на неочекуван начин“, рече тој.

Турскиот министер додаде дека некои земји се „слепи и глуви“ кога станува збор за израелските акции.

„Намерното убиство на повеќе од 30.000 невини цивили во Газа, се разбира, претставува нова точка на угнетување“, рече Фидан.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Во израелските напади се убиени најмалку 30.960 Палестинци, а 72.524 други се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

– Борбата против тероризмот

Министерот Фидан, исто така, рече дека САД продолжуваат со поддршката на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

„Уште еднаш го истакнавме нашето незадоволство од односите со ЈПГ во Сирија и стратешката опасност што таа ја претставува меѓу двете земји и двата партнери во НАТО“, додаде Фидан.

Фидан нагласи дека јасно им ставил до знаење на своите соговорници дека Терористичка организација на Фетула (ФЕТО), групата која стои зад неуспешниот пуч во Туркије во 2016 година, останува закана и дека САД треба да преземат чекори во овој поглед.

„Туркије ќе продолжи да се бори против сите терористички групи кои претставуваат закана за земјата внатре или надвор од нејзините граници во рамките на легитимното национално и меѓународно право“, рече Фидан.

Претседател Реџеп Таип Ердоган во средата повтори дека Туркије е одлучна во својата борба против тероризмот.

„Ние ја одржуваме нашата волја да создадеме безбедносен коридор длабок 30-40 километри долж нашата сириска граница. Решени сме да ја пополниме празнината во овој коридор со нови чекори. Како што отворено им кажавме во лице, ги повикуваме сите во регионот да ја почитува оваа наша безбедносна стратегија. Во спротивно тие самите ќе бидат причина за потенцијални тензии. Имаме подготовки кои ќе им предизвикаат нови кошмари на оние кои претпоставуваат дека можат да ја фрлат Туркије на колена со воспоставување „терористи“ долж нашите јужни граници“, предупреди Ердоган.

– Војната меѓу Русија и Украина и односите со САД

Министерот Фидан рече дека разговарале и за тековната војна меѓу Русија и Украина и за ризиците што таа ги претставува за регионот, особено за безбедноста на Црното Море и житото.

„Оваа војна треба да престане. Потребна е основа за дијалог за да се спречи ширење на поголеми ризици“, додаде Фидан.

За односите со САД, Фидан рече дека двете земји имаат можност да отворат нова страница со „обновена психологија и позитивна агенда“.

Фидан рече дека постои визија за зголемување на обемот на трговија од 30 милијарди долари на 100 милијарди долари и разговарале како да се постигне тоа.

„Покрај решавањето на проблемите со кои моментално се соочуваме, важно е и да се реализираат можностите со кои двете земји ќе можат да ги истражат заедничките потенцијали и можности“, рече Фидан.

Во врска со купувањето на борбените авиони Ф-16, министерот Фидан рече дека политичкиот процес поврзан со авионите е завршен и започнати се техничките процеси поврзани со производството и испораката на авионите.

„Она што следи е всушност технички процес. Тоа е процес што ќе продолжи меѓу министерствата за одбрана и релевантните компании“, додаде Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ја поздрави одлуката за гласање за разрешување на градоначалниците Албанци во северно Косово

Следно

Ќе бидат потребни два месеци за изградба на пристаништето за хуманитарна помош во Газа, велат од американското министерство за одбрана

Latest from Blog

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се

Милошоски: СДСМ остави отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за Македонскиот јазик во ЕУ

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и
Go toTop