ИОК: Нема санкции за Израел

March 8, 2024
1 min read

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема намера да го казни Олимпискиот комитет на Израел поради војната во Појасот Газа.

Ова вечерва го изјави шефот на Координативниот одбор на ИОК за Олимписките игрите 2024 во Париз, Пјер-Оливер Бекерс, по завршувањето на тридневната посета на француската престолнина.

Бекерс образложи дека судирите во Газа и во Украина, поради кој ИОК им забрани настап на руски и белоруски спортисти под национални обележја, се „различни ситуации“.

„Сега е тешко да се замислат санкции за Израел. Причините за санкциите кон Русија и тамошниот олимписки комитет се многу специфични. Русија и Рускиот олимписки комитет ги прекршија основните начела на Олимписката повелба. Тоа не се однесува ниту за Палестинскиот, ниту за Израелскиот олимписки комитет, кои коегзистираат во мир. Сосема е јасно дека станува збор за различни ситуации“, рече Бекерс.

Рускиот олимписки комитет е под санкции од ИОК од почетокот на воената инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

ИОК неодамна, сепак, дозволи руските и белоруските спортисти да учествуваат на Игрите во Париз, но под неутрален статус.

Олимписката норма досега ја исполнија осум спортисти од Русија и тројца од Белорусија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пазарниот инспекторат затвори два маркети

Следно

Младоженец на 92 години: Шеста веридба за Руперт Мардок!

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop