Вашингтон: Русија не го почитува последниот нуклеарен договор што ги поврзува

January 31, 2023
1 min read

САД денеска соопшти дека Русија не го почитува договорот „Нов СТАРТ“ (Strategic Arms Reduction Treaty) од 2010 година, последниот договор за нуклеарно разоружување што ги поврзува.

Американскиот Стејт департмент ја критикуваше Москва за прекин на инспекциите и откажување на преговорите според договорот, но не ја обвини за проширување на својот нуклеарен арсенал над договорените граници.

Републиканците, кои по изборите во ноември освоија мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, побараа од шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен до денеска да им каже дали Русија го прекршува договорот.

„Русија не ја почитува обврската што и е наметната со договорот ‘Нов СТАРТ’ да дозволи инспекција на нејзина територија“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Москва минатата година објави дека го одложува ноемврискиот состанок со САД за инспекциите врз основа на договорот, обвинувајќи го Вашингтон за „непријателски“ и „токсичен“ став.

Последниот состанок на таа советничка комисија беше во октомври 2021 година.

Односите меѓу двете нуклеарни сили се на најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

Во писмото објавено минатата недела, шефовите на неколку моќни комисии на американскиот Конгрес велат дека дејствијата и изјавите на Русија „покренуваат, во најмала рака, сериозна загриженост за нивното усогласување со договорот „Нов СТАРТ“.

Веднаш по доаѓањето во Белата куќа во јануари 2021 година, американскиот претседател Џо Бајден го продолжи времетраењето на тој договор за пет години, до 2026 година.

Договорот беше потпишан во 2010 година и го ограничува арсеналот на двете земји на максимум 1.550 распоредени боеви глави на секоја страна, што е за речиси 30 отсто помалку од претходната граница од 2002 година. Договорот го одредува и максималниот број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ставија на „црната листа“ ирански фирми чии дронови ги користи Русија во Украина

Следно

Какво ќе биде времето до понеделник? (Фото)

Latest from Blog

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од
Go toTop