(ВИДЕО) Ковачевски пред седницата на ИО на СДСМ: Со Таравари во најголем процент се усогласивме

January 31, 2023
1 min read

И премиерот посочи дека за кадровски решенија не се разговарало, а за тоа дали се усогласени со актуелниот владин партнер Алтернатива околу влезот на Алијанса за Албанците во Влада, Ковачевски посочи дека имале состаноци, а ќе имаат и нови во наредните денови

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на редовна седница на Извршниот одбор (ИО) на неговата партија, ќе ги информира членовите за денешните разговори со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за можното влегување на оваа партија во владината коалиција.

Откако Таравари по денешниот состанок со Ковачевски изјави дека околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани, премиерот не излезе со конкретна бројка, но потврди дека „да, во најголем процент се усогласени“.

„Ја видов изјавата на господинот Таравари и тој го кажа истото што и јас го кажав во однос на програмските усогласувања. Да се разбереме дека основните претпоставките на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса и други партии го застапуваат, а тоа е: стратешко партнерство со САД, продолжување на патот во европските интеграции, носење на сите реформски закони во Собранието што се потребни, носење на големите одлуки што се потребни за продолжување на патот ко ЕУ, како и носење системски решенија за унапредување на владеење на правото, контролните механизми и борбата против корупцијата. Можам да кажам дека да, во најголем процент се усогласивме, а во делот на другите аспекти на можната соработка разговорите ќе продолжат“,

изјави Ковачевски пред седницата на ИО.

Тој го повтори она што претходно го соопштија и од владината прес-служба дека со Таравари се разговарало за скринг-процесот со ЕУ, претседавањето со ОБСЕ, стратешкиот дијалог со САД, владеењето на правото, реформските закони, финансиската контрола, намалување на злоупотреба на балансерот за вработување, рамномерен регионален развој итн.

За кадровски решенија, исто како и Таравари, и Ковачевски потенцираше дека не се разговарало.

Според информациите кои излегоа во јавноста, како можни министерства кои би можела да ги преземе Алијанса за Албанците при влез во Владата се министерствата за правда и здравство. Здравство во моментов е раководено од Беким Сали, кадар на Алтернатива.

На новинарско прашање дали се усогласени со Алтернатива, Ковачевски вечерва одговори дека имале состаноци, а во наредните денови ќе се одржат и нови.

„Со Алтернатива имавме состаноци изминатите денови, во текот на наредните денови нормално дека ќе имаме состаноци на кои ќе разговараме исто така за развојот на разговорите со Алијанса“,

рече Ковачевски.

Инаку, покрај разговорите за влез на Алијанса во Владата, според изјавата на Ковачевски, вечерва на седницата на ИО на СДСМ ќе се разговара и за други актуелни состојби во државата, справувањето со енергетската криза и почетокот и плановите за оваа година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана

Следно

Шмигал: Самитот Украина-Европска унија ќе се одржи в петок во Киев

Latest from Blog

ЕП усвои резолуција за Србија

 Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во земјата, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад – 457 европратеници

Забрзајте го метаболизмот и ослабете со неколку секојдневни навики

Бавниот метаболизам е една од најчестите причини зошто диетата и вежбањето не ги даваат посакуваните резултати. И покрај вашите напори, бројките на вагата остануваат исти, а чувството на фрустрација расте. Добрата вест

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ седнаа и се договорија, тие веќе имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните да му дадат уште поголема поддршка во вториот круг на изборите. – Да се фатиме за работа уште од првиот
Go toTop