Завршуваат „гарантираните цени“, од петок можен нов ценовен шок!

February 27, 2024
1 min read

Загарантираните цени на пазарите ќе траат до четврток. Мерката на Владата истекува на последниот ден од месецов, односно на 29 февруари. За потоа Министерството за економија соопшти дека нема да продолжи. Надлежните велат дека ќе чекаат да се изгласа Законот за спречување на нефер трговски практики кој е во собраниска процедура откако беше одобрен од Владата во декември минатата година. Засега не се знае дали новиот закон ќе ги помине сите собраниски филтри до крајот на неделата, бидејќи утре на пленарна седница ќе се гласа само за првото читање. Потоа законот повторно оди во матичната комисија за дополнителни измени. Од Министерството за економија велат дека со одобрување на законот ќе се воспостави ред и ќе се намалат цените.

„Очекуваме ова законско решение кое е целосно усогласено со европската регулатива и е под европско знаме, да биде одобрено што е можно поскоро“, наведуваат од Министерството за економија.

Законот предвидува ограничување на маржите од 10%, казни од 1.000 до 20.000 евра и период на имплементација од шест месеци. Останува да видиме дали в петок на 1 март ќе има нов ценовен шок за граѓаните во продавниците и пазарите. Од невладината “FinanceThink” велат дека се наоѓаме пред опасност од нов ценовен шок бидејќи неколкумесечното замрзнување на цените не е во согласност со слободната пазарна економија.

Мерката „загарантирани цени“ која Владата ја воведе во втората половина на септември минатата година како замена за замрзнувањето на цените, опфати дваесет категории производи. Тоа беа оризот, пченичното брашно тип 400 и 500, белиот и полубелиот леб, колачиња, тестенини, говедско, свинско и пилешко место, млеко и млечни производи и друго. Подоцна беа воведени т.н. загарантирани цени и за пивото, газираните и негазираните пијалоци и водата. Утре пак, истекува и владината мерка со која се ограничува царината од 10 отсто за увоз на овошје и зеленчук што може дополнително да ги зголеми цените на пазарите.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас: Познат рапер избоден до смрт во Амстердам, имаше само 26 години

Следно

Египет по воздушен пат достави хуманитарна помош во Појасот Газа

Latest from Blog

Касиљас го „предаде“ Роналдо и ги разочара фановите на Реал Мадрид

Икер Касиљас повторно се најде во фокусот на вниманието, но овојпат не поради нешто поврзано со Реал Мадрид на теренот. Легендарниот голман на Кралскиот клуб предизвика бројни реакции меѓу навивачите со објава

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop