За убиството во Блаце СДСМ го напаѓа ВМРО, ВМРО одговара: Срам да ви е!

February 27, 2024
1 min read

Вчерашното убиство во Блаце стана повод и за меѓупартиски обвинувања. Од владејачката СДСМ истакнаа дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, како и началникот на СВР Скопје, покажале голема некадарност во водењето на Министерството. Од СДСМ прашуваат дали структури блиски на ВМРО се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизниси со дрога.

„ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот. Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност. Но, овој случај открива и подлабоки сомневања. Само пред неколку дена обезбедување на Мицкоски тепаше полицаец пред познат скопски локал попречувајќи полициска акција против дрога. Сè уште нема одговори во јавноста која беше улогата на обезбедувањето на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?“, вели Дарко Каевски – портпарол на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко-пресметка меѓу кланови чии убиства започнале во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи. Според опозициската партија, срамно е што СДСМ го обвинува Тошковски за овие убиства.

„Таквата сила на тие кланови доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците, а со помош на нарко-клановите ДУИ и СДС добиваа гласови на неколку последователни изборни циклуси. Застреланиот го нашол братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А, јавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, по убиството во Блаце кое се случи вчеравечер, од Јавното обвинителство информираа дека се постапува за откривање на сторителите, но и за проверка на евентуална поврзаност на убиството со пожарот во кафе-барот Барон во Чаир. Дел од медиумите веќе информираа дека станува збор за пресметка меѓу нарко-кланови. Лицето кое вчера беше убиено, Зељчиф Туша е инаку татко на Гани Туша, кој е зад решетки поради вмешаност во убиствата во Шиша бар во скопската Чаршија, но и за убиството на двајца наши државјани што се случи летоска на Халкидики.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Следно

Болницата „8 Септември“ има лекари и опрема, ама нема лекови за болните од канцер

Latest from Blog

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и

Љутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

Заштита на културното наследство и обука и вработување на стручен кадар кој е дефицитарен, реорганизација и оптимизација на дел од националните установи, без отпуштање на вработени, ова се дел од клучните поенти
Go toTop