Над 50 уапсени на протестите против Бајден во Њујорк

February 27, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Околу 50 демонстранти се уапсени во Њујорк додека го повикуваа американскиот претседател Џо Бајден да престане да ја поддржува израелската Влада и нејзините воени операции во Газа, јавува Анадолу.

Собрани во Рокфелер-центарот на Менхетен во обид да го попречат снимањето на интервјуто на Бајден за емисијата „Доцна вечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, демонстрантите извикуваа „Бајден, Бајден, не можеш да се скриеш, финансираш геноцид“ и „Прекинете со опсадата на Газа веднаш“.

Демонстрантите виореа транспаренти со натписите „Слободна Палестина“, „Евреите до Бајден: Престанете со вооружување на геноцид“ и „Целиот свет гледа“.

Бајден ненајавено ја посети блиската слаткарница, каде што на новинарите им рече дека се надева дека до 4 март ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа.

„Се надевам до крајот на викендот… Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску. Блиску сме. Сè уште не сме готови. Се надевам дека ќе имаме прекин на огнот до следниот понеделник“, рече Бајден.

Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври, во која досега загинаа најмалку 29.878 Палестинци.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива врз Газа, 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено, а 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во Бар, убиен припадник на Шкаљарскиот клан

Следно

ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop