Кој за што, Полјаци за растурање на Руската федерација

January 30, 2023
4 mins read

Инвазијата на Украина е директно продолжување на руските империјални и колонијални политики, политики кои никогаш не исчезнаа. Руската агресија врз Украина е придружена од кампања која го отфрла постоењето на самата украинска нација, против Украинците активно се спроведува геноцид, и сето тоа надополнето со колонизација на окупираните територии од етнички Руси. Ова се случува во Мариопуљ, Донбас и Бахчисарај. Руската политика во овие случаи е ископирана од Краснаја полјана или Камчатка во 19 век.

Без разлика дали е царска, советска или предводена од Путин, Русија со векови не е променета. Таа се води од истите империјални инстинкти, повторувајќи ја истата шема: освојување, геноцид, колонизација и барање на тивко прифаќање на статус-кво, поткупување на меѓународната заедница преку илузијата на економска соработка или илузијата за пространиот руски пазар. Не можеме повторно да бидеме навлечени на размислувањето дека Москва е дел од решението на кој било глобален проблем. Треба да запаметиме дека дури и кога Русија погрешно беше гледана како стабилизирачка сила во Европа, тоа беше на трошок на нациите од мојот регион, а мојата држава беше поделена и окупирана од Русија. Дури и тогаш Москва планираше да „оди на Запад“ за да извезе „стабилизација“ во 19 век или својата револуција во 20-от. Москва нема срам во 21 век во Украина да ја повтори оваа империјалистичка шема. И затоа империјализмот на Москва мора засекогаш да биде завршен.

Мора да бидеме свесни дека Путин и неговата банда на воени криминалци не се причината току последица на проблемот, чиј корен е авторитарната и империјална срж на Москва и фобијата од Охрана, КГБ и ФСБ, кои одамна ја имаат заробено руската држава. Рускиот империјализам има многу длабоки корени. Сепак денес не живееме во 16-от век на Иван Грозни или во 18-от век на Катерина Велика, туку во 21 век на меѓународни закони, заеднички организации и споделени вредности. Европскиот парламент и многу парламенти низ светот ја прогласија Руската федерација за терористичка држава. Такво признавање има одредени последици. Оваа терористичка организација, дури и ако од многумина е сметана за империја, треба да биде распарчена. Во спротивно не треба да се сомневаме дека во слепата желба да се остане „империјата“ други криминалци во нејзиното раководство ќе продолжат да создаваат константни закани, дестабилизација, хибридни напади и војни со соседите и други држави, и ќе ги поробуваат и угнетуваат сопствените граѓани. Затоа, како што беше случај со германскиот Трети рајх, како егзистенцијална закана за човештвото и меѓународниот поредок, Руската федерација треба да мине драстични промени. Наивно е да се мисли дека Руската федерација, по крајниот пораз, ќе остане во истите уставни и територијални рамки. Никогаш во историјата не се случило така централизирани империи кои потчинуваат толку многу нации, да останат непроменети откако биле поразени во клучна војна. Затоа меѓународната заедница не може да има така комфорна позиција покрај линијата, чекајќи како ќе се развива ситуацијата, имајќи ја предвид историјата на рускиот империјализам, и почитта за правата и желбите на нацијата. Жртвите на рускиот империјализам треба да можат сами да ја изградат својата државност, да го практикуваат правото да го слават своето наследство, и да ја одлучат својата иднина.

За жал, не можеме да извадиме какви било позитивни заклучоци од анти-воените демонстрации организирани од руското општество во земјата или надвор од неа, бидејќи такви протести не постојат. Сепак, треба да ја научиме лекцијата од масовните протести против потчинувањето на Москва во региони како Ингушетија или во Хабаровск на крајниот исток.

Не постои нешто што е руски гас, нафта, алуминиум, јаглен, ураниум, дијаманти, жито, шуми, злато итд. Сите тие ресурси се татарски, башкирски, сибирски, карелијски, оиратски, бурјатски, сахиски, уралски, кубаски, ногајски итн. За најголемиот дел од жителите на овие региони – без разлика дали етнички Руси или домородно население – Москва претставува само војна, репресија, експлоатирање и безнадежност. Малтретирањето и дискриминацијата против етничките малцинства во Русија е секојдневна работа. Хипер-централизацијата ги покажа повеќекратните слабости на државата, но најмногу, потчинувањето на теоретски автономните региони и републики на волјата на Кремљ. Дополнително, во нејзината агресија на Украина, Москва ги испраќа етничките малцинства во мелница, имплементирајќи вистинска етничка политика со дополнително наштетување и на Украинците и на веќе освоените народи на Далечниот Исток.

Имајќи ја предвид националната и етничка мапа на териториите на Руската федерација, ние треба да дискутираме за можноста за создавање на слободни и независни држави во пост-рускиот простор, како и за можноста за нивна стабилност и просперитет. Меѓународната заедница ја има обврската за поддршка на правата на домородни нации кои, заради руското освојување и колонизација, сега постојат во рамките на Руската федерација. Не можеме да се фокусираме само на некои домородни народи, а на други не. Истите права им припаѓаат и на хаказите, туваните, сахите или евенките. Не можеме да го запоставиме фактот дека етничките Руси, иако се најголемата нација во Руската федерација, се само една од многуте. Треба повеќе да се фокусираме на регионите и нациите на Руската федерација, нивните капацитети, и нивната перспектива за суверенитет. Треба да ги запознаеме нивните лидери, нивната историја, и нивните силни страни. Треба да бидеме свесни дека Руската империја не го дозволува постоењето на самата култура на поробените нации, често пати крадејќи го нивното наследство. Западниот термин „културолошко присвојување“ има многу примери во Русија, без разлика дали тоа е Михаил Лермонтов кој ги краде легендите на поробените Черкези, или Руси кои се обидуваат да го одделат етничкиот Украинец Николај Гогољ од неговиот украински национален идентитет.

Треба да сме свесни дека распарчувањето на Руската федерација може да донесе и одредени проблеми и ризици, како и со секој транзициски период. Сепак, овие ризици ќе бидат далеку помалку опасни отколку оваа агресивна империја да биде оставена непроменета. По одреден период на спиење, таа ќе се врати со дополнителни агресии како што тоа го прави со векови. Постојат многу можни решенија и стратегии за контролирано, конструктивно и ненасилно растурање на последната колонијална империја во Европа. Растурањето на Руската федерација ќе донесе несомнени бенефити во безбедноста, вклучително и енергетската безбедност, и економијата во Европа и Централна Азија. Се согласувам со Јануш Бугажски дека од Руската федерација можат да произлезат нови про-западни држави, кои ќе ја надополнат стабилноста во повеќе региони во Европа и Евроазија.

Растурањето не последната колонијална империја во Европа е неизбежно. Затоа, тоа мора да биде контролирано и конструктивно, решавајќи го проблемот со империјалните политики на „Обединета Русија“. Растурањето на СССР беше катастрофа за Путин и неговите колеги од КГБ. За Балтикот, Украинците и Грузијците, но и за Казахстанците и Киргизите, тоа беше благослов. Уверена сум дека исто ќе важи и во случајот со Руската федерација, која ќе донесе слобода за Черкезите, Бурјатите, Чукчите и многу други.

Токму затоа, заедно со мојот колега Косма Злотовски, со задоволство ќе бидеме домаќини на бројни експерти, историчари, новинари, политичари од двете страни на Атлантикот и лидери и претставници на повеќе од 20 нации од Руската федерација, кои ќе се соберат во Европскиот парламент во Брисел за да разговараат околу деколонизацијата и деимперијализацијата на Руската федерација.

Ана Фотига

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спалети по дуелот со Рома: Вакви натпревари се добиваат само со покажување волја за победа

Следно

(ВИДЕО) Ковачевски: Во Бугарија се подготвуваат избори, поединци сакаат преку националистичка реторика да добијат видливост

Latest from Blog

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на
Go toTop