Некој меѓу нас не е природно интелигентен

February 11, 2024
1 min read

Огромни американски работодавци како што се Волмарт, Делта ерлајнс, Т-Мобиле, Шеврон и Старбакс, но и европски брендови како Нестле и АстраЗенека ги користат услугите на седумгодишниот стартап, Aware, за надгледување на комуникациите на нивните вработени.

Џеф Шуман, ко-основач и извршен директор на стартапот со седиште во Колумбус, Охајо, вели дека вештачката интелигенција им помага на компаниите „да го разберат ризикот во комуникациите“, добивајќи во реално време податоци за расположението на вработените, наместо како што тоа досега обично се правеше, со еднаш или двапати годишно истражување на таа тема.

Користејќи ги анонимизираните податоци од аналитиката на Aware, управите на компаниите можат да видат како вработените реагираат на некоја нова корпоративна политика или маркетинг кампања. Бонус е што може да се идентификува вознемирување, дискриминација или разменување порнографија или голотија меѓу вработените.

Да, податоците се формално анонимизирани и нема имиња, ама за таа потреба се користи дополнителната алатка eDiscovery која може, ако нечија комуникација се оцени како екстремна или ризична, да се извади и име и презиме.

Човек не треба да е параноик што верува во дистопија за да види каде сè ова води, пишува CNBC.

“Разните модерни форми на надгледувањето на вработените претставува воведување на „криминал на умот“. Ги третираат вработените како инвентар на така бескрупулозен начин кој досега не е виден“, вели коосновачка на една непрофитна организација која се залага за воведување одговорности за вештачката интелигенција.

Последниве пет години, приходите на Aware растат по 150% годишно.

Ова не е прва Орвеловска идеја на спомнатиот Шуман. Пред да ја создаде Aware, имал компанија која се викала „Биг брадер лајт“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети 47 папагали на граничниот премин Табановце

Следно

Мицкоски: Утре ќе имаме конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop