Централното собрание на АА иницира разрешување на Таравари

February 10, 2024
1 min read

Централното собрание на Алијансата за Албанците со поддржувачите на Зијадин Села, со 106 гласа ЗА од вкупно 108 присутни пратеници, донесе одлука за иницирање на разрешување на Арбен Таравари од функцијата претседател. Потврдата за оваа иницијатива ќе оди на вонреден Конгрес свикан на 18 февруари. Села рече дека Таравари и неговите поддржувачи ќе очекуваат да се појават и на Конгресот, за да нема потреба случајот да оди на суд. Од друга страна, запрашан за поддршката што Таравари ја доби од членовите на партиското собрание пред два дена, Села рече дека местото за гласање е денеска, во Централното собрание.

„Јас не ги следам оние што потпишуваат. Кажаа дека биле; 85, 70 и не знам колку. Одлуките не се носат на политички митинзи, туку се носат на партиски органи. Денот за гласање и кревање рака беше денес. Самиот факт што не се појавија покажува дека сакаат да ја прошверцуваат одлуката“, рече Зијадин Села, претседател на Централното собрание.

Запрашан дали ќе се врати на врвот на партијата како претседател, Села рече дека не бега од своите одговорности. Сепак, статутот на партијата го ограничува бројот на мандатите на претседателот на два.

„Го знаете одговорот, дека никогаш не бегам од одговорноста во животот. Со мака ја градев и ја градевме заедно со сите овие членови на АА, оваа партија. За ова треба да одлучи Конгресот, а не јас лично. И кога зборувам за конгресот, конгресот има легитимно право да донесе статут, да направи промени во статутот, и да не направи промени во статутот, и Алијансата за Албанците да продолжи како што е во статутот “, нагласи Зијадин Села, претседател на Централното собрание.

Алијансата за Албанците денеска не ја разгледуваше одлуката на централното раководство на партијата самостојно да излезе на избори, бидејќи оваа точка треба да ја иницира претседателот. Ќе има уште еден посебен состанок, откако Конгресот ќе избере нов претседател./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катар со три пенали ја одбрани титулата азиски фудбалски првак

Следно

Врнежи од дожд и засилен јужен ветер

Latest from Blog

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките

Рударските концесии носат милиони во општините

Рударските приходи го зголемуваат просторот за вложување во градинки, училишта и инфраструктура. Резултатот зависи од наплатата и реализацијата на проектите. Во завршната сметка на Крива Паланка за 2025 година, надоместоците за користење

Тоневски: Продолжуваат работите на селските патишта во Пробиштип

Во тек се работи за порамнување на патот до селото Јамиште и посипување на критичните места, со цел повторно да се овозможат неговата проодност и функционалност, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop