Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”?

January 30, 2023
1 min read

Уште еден затвореник му избега на „Сокол“ од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС.

-Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите, вели Стоилковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во тек изборот за екипаж за „Артемис 2“

Следно

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ, НАЈДОБРИТЕ ТРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 120 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Над 100.000 граѓани ќе добијат побезбеден и функционален булевар

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека еден од првите проекти по победата на локалните избори ќе биде решавањето на деценискиот проблем со булеварот „Цветан Димов“. Заедно со кандидатот

Коњановски: Битола подготвен за спектакл – стадионот е спремен за натпреварот Македонија – Италија

14 Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, најави дека подготовките на стадионот „Петар Милошевски“ напредуваат со полна пареа во пресрет на европскиот квалификациски дуел меѓу младинските селекции на Македонија и Италија, закажан за

Меџити со архитектот од Истамбул, Бајрам Вардар најавија големи промени во Чаир

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со светски познатиот архитект Бајрам Вардар, со кого разговараше за изработката на мастер план што ќе овозможи целосна трансформација на Чаир.

Преображение Христово во Ербеле: Македонци од Албанија, Македонија и дијаспората се вратија во родниот крај

Се собраа Македонци во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле кај црквата Свето Преображение која датира од 12 век и е под заштита на државата, како споменик на културата уште од

Фото: Колку што е постара, толку е похрабра: Бикинито едвај ги држи нејзините раскошни облини

Таа беше придружувана од нејзиниот сопруг Хозе Бастион и нивниот син Себастијан. Летниот одмор за семејството сè уште трае, но и сезоната на атрактивни бикини за убавата актерка. Во врска со ова,
Go toTop