СЗО објави ажуриран список на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

January 27, 2023
1 min read

Во публикацијата на СЗО се наведува дека овој список ќе биде витална алатка која на државите ќе им помогне навремено да испорачаат, да набават и да ги складираат потребните лекови за оние кои евентуално би биле изложени на ризик од радиоактивно зрачење

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која содржи ажуриран список на лекови кои треба да се складираат во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација.

Во публикацијата на СЗО се наведува дека ажурираниот список опфаќа лекови кои или ја спречуваат или ја намалуваат изложеноста на зрачење, но и содржи и такви кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на зрачење.

„Од суштинско значење е владите да бидат подготвени да го заштитат здравјето на населението и веднаш да реагираат на итни случаи. Тоа вклучува резерви на лекови за спасување животи кои ќе ги намалат ризиците и ќе ги третираат повредите од зрачење“,

вели д-р Марија Неира, вршител на должноста помошник генерален директор на СЗО.

Во публикацијата дополнително се наведува дека овој список ќе биде витална алатка која на државите ќе им помогне навремено да испорачаат, да набават и да ги складираат потребните лекови за оние кои евентуално би биле изложени на ризик од радиоактивно зрачење.

„Типични лекови кои би требало да се користат во случаи на изложеност на радиоактивно зрачење се: стабилен јод, кој се применува за да се спречи или намали изложеноста на тироидната жлезда на радиоактивен јод, цинков или калциумов диетилентриамин пента-ацетат (DTPA) кој се користи за лекување на внатрешна контаминација со трансурански радионуклиди, цитокини кои се користат за ублажување на оштетувањето на коскената срцевина, во случај на акутен радијациски синдром и други лекови кои се користат за лекување при повраќање, дијареа и инфекции“,

се наведува во публикацијата.

Оваа публикација го заменува извештајот на СЗО од 2007 година за развојот на националните резерви за итни случаи на радијација, а во себе вкучува ажурирани информации засновани на истражувањата во последната деценија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ги почнува подготовките за ЕУРО2024 против Белгија и Перу

Следно

УБАВА ВЕСТ ЗА ТУРИСТИТЕ: Венеција ја одложува одлуката за наплата на влез, еве до кога ќе биде бесплатно

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop