Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

January 26, 2023
1 min read

За вчерашните индиректни закани за атентат кон претседателот Стево Пендаровски, кои беа упатени од европратеникот Ангел Џамбаски, Гир вели дека може да се протолкуваат како закана, но и дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека тврдењата на пратеникот во Европскиот парламент Ангел Џамбаски, а кои се однесуваат на територијални претензии, не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

Гир потсетува дека Европскиот парламент и бугарското Министерство за надворешни работи се оградија од овие тврдења на Џамбаски.

За вчерашните индиректни закани за атентат кон претседателот Стево Пендаровски, кои беа упатени од европратеникот Ангел Џамбаски, Гир вели дека може да се протолкуваат како закана, но и дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на суверена држава“,

додава Гир.

Денешните изјави на Гир следуваат откако вчера бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата европратеникот Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

По индиректните закани упатени кон претседателот Стево Пендаровски од европратеникот Ангел Џамбаски, од неговиот кабинет во краток коментар рекоа дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност (СБ) и оти сега надлежностите се во рацете на Владата.

Министерството за надворешни работи (МНР) остро ги осуди изјавите на европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, за што, како што велат, по дипломатски пат реагирале и до Бугарското МНР.

За изјавите кои во јавноста беа протолкувани како индиректна закана на Џамбаски за атентат на Пендаровски, Министерството за надворешни работи ќе бара и Европскиот парламент (ЕП) да се огради од европратеникот, а на претседателот му препорачува да реагира и до бугарскиот колега Румен Радев.

Ангел Џамбаски на 14 јануари, на кејот на Вардар во Скопје, присуствуваше на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева.

Тој во своето обраќање пред присутните не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји.  Во тој контекст, Џамбаски во дел од својот говор ги повика „владејачките елити во Северна Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите, наложена од Коминтерната“.

Членовите на бугарската Фондација „Македонија“, како и бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, Ангел Џамбаски, движејќи се кон местото каде што е поставена спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во Скопје, со црвено-црн транспарент со ликот на Иван (Ванчо) Михајло и натпис на истоимениот културен центар, присутните извикуваа „Бугари јунаци“ и „Мизија, Тракија, Македонија“.  

Со последниот слоган тие алудираа на трите географски области кои според националистичките бугарски кругови ја сочинуваат „голема Бугарија“. 

На видеото на Фејсбук од ова дефиле, Џамбаски напиша „Еден народ! Две држави!“ 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Абрамс имаат оклоп што е премногу таен за да биде испратен во Украина

Следно

Драчево ќе добие современ рекреативен спортски центар

Latest from Blog

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава
Go toTop